Машко здравје

4 клучни чекори за подобро машко здравје – Препораки од Д-р Нела Деспотовска

Ако во октомври, пишувавме за женското здравје, овој месец го посветуваме на машкото здравје. Ноември, познат и како Моември, е месец посветен на машкото здравје, со акцент на подигнување на свеста за важноста на превенцијата и раното откривање на болести специфични за мажите. Како мажите да го сочуваат своето здравје? – Важните препораки од Д-р Нела Деспотовска прочитај ги во продолжение. Моември како иницијатива започна во 2003 година. Ги поттикнува мажите да растат мустаќи како симбол на поддршка за здравствените проблеми, особено ракот на простата и тестисите.

Јаболко, куркума и грозје против рак на простата

Никогаш не треба да ја запоставуваме здравата храна која е локална и е лесно достапна. Во Македонија има убави јаболка и вкусно грозје кое го освојува сечиј вкус. А токму овие две овошки заедно со куркумата се моќни против рак на простата.

Со правилна исхрана против заболувања на простата

Со проблеми со простатата најчесто се соочуваат поголемиот број на мажи меѓу 50 и 60 години. Важно е да се знае дека покрај советите од лекар, истите може да се ублажат на природен начин, со правилна исхрана и лековити билки. Најчесто се јавува зголемена простата, инфекции, а во најлош случај и канцер. Бенигната хиперплазија на простатата (зголемена простата) е толку честа што некои експерти ја сметаат за нормална појава кај мажите постари од 60 години.