Што претставува маринадата 1

Што претставува маринадата и зошто се користи при припрема на месото?

Маринадата прави месото да се топи во устата и да биде сочно, вкусно и меко. Поради тие причини, маринадата се употребувала уште во древен Египет, а подоцна и Грците и Римјаните почнале да маринираат месо и  зеленчук.  Секоја култура има свој стил на маринирање, а можностите за создавање на нови кулинарски опции се бесконечни.