Домашно средство за отстранување на дамки од теписи и килими

Колку пати ви се случило да влезете дома со нечисти чевли за да земете нешто, само на секунда, надевајќи се дека нема да оставите траги на вашиот омилен килим или тепих? Дали често ви се случува да прекриете некоја дамка на тепихот со парче мебел само за да не мора да ја чистите во моментот? Нe грижете се, не сте единствените и на сите ни се случува тоа понекогаш. Поради тие причини теписите стануваат едни од највалканите предмети во домовите, па затоа е многу важно редовно да се чистат. За таа цел ви претставуваме супер идеја за домашно средство за отстранување на дамки од теписи и килими.