теинејџери 1

Родители! Заштитете го менталното здравје на вашите тинејџери

Овој текст е за младите тинејџери, но посветен на вас, нивните родители, роднини, пријатели. Можеби се прашувате зошто? – Затоа што само со заедничка соработка може да се постигне заштита на менталното здравје на вашите тинејџери. Во време на пандемија, нивната ментална благосостојба е изложена на висок ризик, а скоро да сме сигурни дека тие и не би се ангажирале претерано барајќи литература со насоки за помош. Имајќи го предвид тоа, ве повикуваме вас, кои сте најблиски со нив, да ги споделите информациите од овој текст.