Намирници за подобар тен и поубава кожа во лето

Намирници за подобар тен и поубава кожа во лето

Сонцето и изложувањето на сончевите зраци имаат поволно влијание на организмот. Но, изгорениците од сонцето воопшто не изгледаат убаво, а имаат и штетни последици по здравјето. Па, дали може да ги превенираме изгорениците од сонце со исхраната и дали постои природен „заштитник“ од штетните УВ зраци? Освен со користење на масла и лосиони со заштитен фактор, за добивање на подобар тен и поубава кожа во лето, големо влијание има и исхраната. Направивме листа на најдобрите намирници кои ќе ви помогнат во таа цел!

јагоди за чиста, сјајна кожа

Јагоди за чиста, сјајна кожа без акни и брчки

Јагодите се вкусни овошки кои први зреат во пролет. Тие се нарекуваат и супер овошје, кое е богато со антиоксиданси и витамин Ц, кои ја хранат кожата и и даваат свеж изглед. Истражувањата покажале дека луѓето кои консумираат храна богата со витамин Ц имаат помалку брчки и проблеми со кожата поврзани со стареењето. Па, затоа почесто јадете јагоди за чиста, сјајна кожа без акни и брчки.