Д-р Нела Деспотовска советува: Причини за хепатитис, симптоми и третман

Многумина сме слушнале, но дали знаеме доволно? – Веројатно не, освен ако сме немале проблем ние или некој наш близок. Па, по повод 28-ми јули, светскиот ден на хепатитисот направивме мало истражување. Од истражувањето дознавме дека според СЗО, моменталниот број на лица со хепатитис Б и Ц е 354 милиони на глобално ниво. Овој податок ни беше доволен поттик за да ја прашаме Д-р Нела Деспотовска подетално за ова заболување и да споделиме со вас поважни извадоци од разговорот. Ви откриваме кои типови постојат, како да ја препознаете болеста и што може да се направи.