Леб од цело зрно

Зошто да избереш леб од 100% цело зрно со чија и киноа? – препораки од нутриционист Марија Апостоловска

Во светот на здравата исхрана, интегралниот леб станува сè попопуларен избор за појадок, сендвичи или брз ручек. Но, зошто е прв избор на нутриционистите? Кои се здравствените придобивки од консумацијата на интегрален леб направен од 100% цело зрно со чија и киноа?

варена интегрална пченица

Интегрална пченица за превенција на канцер

Меѓу бројните трендови за исхрана и здравиот живиот, во последно време е актуелно мислењето дека пченицата треба да се избегнува. Но, оваа популарна житарица со векови наназад служи како основна суровина во човековата исхрана. Имајќи ги во предвид нејзините хранливи и корисни својства, употребата на здравата интегрална пченица е апсолутно оправдана.