Кафе од цикорија, бескофеинско кафе кое е одлична замена!

Ако сте љубител на кафе и сакате да го намалите внесот на кофеин, тогаш направете си кафе од цикорија. Има сличен изглед, вкус и арома. Се прави од корења од цикорија, кои по вадењето се мијат, се сечат на ленти, термички се обработуваат и се мелат. Како резултат на зголемената температура добива карамелизиран изглед, што му дава темно кафеава боја,  ја зголемува сладоста и му се намалува горчината која е карактеристична за суровиот корен.

замена за кафе 1

4 напитоци кои се здрава замена за кафе

Зголемен крвен притисок, проблеми со желудник, силно чукање на срцето, несоница, панични напади… Најпопуларниот напиток на светот – кафето не секогаш влијае поволно и не секому е од корист. За среќа, постојат здрави и вкусни алтернативи како замена за кафе кои ќе ги засакате.