како да ги зајакнете коските 1

Д-р Нела Деспотовска советува: 5 лесни совети да ги зајакнете коските

Коските веќе после 30-тата година полека слабеат и им се намалува густината. Тоа е нормален и природен процес за кој не е потребно да се земаат лекови. Со здравиот начин на живот и добра исхрана, и тоа како може да ги зајакнете коските и да ја зголемите нивната густина, а со самото тоа и да спречите опасни скршеници во подоцнежните години. Препорачуваме да ја прочитате содржинава и да ги споделите со вашите пријатели овие неколку совети кои со нас ги споделува Д-р Нела Деспотовска.

хранливи состојки за имунитет

Најдобрите хранливи состојки за јакнење на имунитетот

Во време на пандемија сите бараме начин да се заштитиме и делуваме превентивно на опасноста. Без разлика дали станува збор за корона вирус, грип или обична настинка, важно е да знаеме како правилно да се заштитиме. А, тоа значи дека ни се потребни хранливи состојки за јакнење на имунитетот.

Сок од цвекло за силни мускули

Сокот од цвекло е еден од најдобрите лекови за анемија и тоа на сите им е добро познато. Но, нешто што е помалку познато е тоа што најновите истражувања покажаа дека цвеклото ги подобрува мускулните перформанси за цели 13% при интензивни тренинзи во теретана. Тоа значи дека свежиот сок од цвекло е пожелно да се пие доколку редовно вежбате или пак сте влегле во одредена старосна доба во која мускулната маса почнала да опаѓа.

Спелта за силен организам и брзо опоравување 1

Спелта за силен организам и брзо опоравување

Спелта е стара сорта на житарица која е богата со растителни влакна, како и некои минерали кои не се наоѓаат во пченицата. Нејзините извонредни прехрамбени својства ја вреднуваат според традиционалната медицина на многу култури како намирница која ја враќа силата и е одлична за опоравување после болести или поголеми оптоварувања на организмот.