Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје 1

Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје

Витаминот Ц кој уште е познат како аскорбинска киселина, припаѓа во групата на витамини растворливи во вода. Тој е потребен за нормален раст и развој, учествува во обновата на ткивата во сите делови од телото, помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и нормализирањето на крвниот притисок. На сите нас добро ни е познато дека витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем и не прави поотпорни на вируси и настинки, па затоа, во периодите кога настинките се честа појава се препорачува освен преку храната да се внесува и додаток на исхрана витамин Ц за силен имунитет и одржување на здравјето на беспрекорно ниво.