сос за скара

Домашен сос за скара и маринирање на месо – BBQ сос

Сосот за скара особено е популарен во Америка, но во последно време и кај нас почесто може да се најде на рафтовите во маркетите. Тој може да се користи како додаток во јадењата, за маринирање на месото, за декорација или прелив за месо кое е подготвено на скара или печено. Овој сос за скара најдобро се комбинира со свинско месо, пилешко или телешки ребра.