подолга изложеност на сонце 1

Корисни намирници при подолга изложеност на сонце

Во деновиве на променливо време, може да се каже и дека немаме постојана потреба да се криеме од штетното влијание на сончевите зраци. Но, добро е да сме навремено информирани за моментите кога ќе одиме на плажа или кога ќе имаме потреба од подолга изложеност на сонце. За да се појават изгореници од сонцето доволни се само 20 минути, зависно од типот на кожа и нејзината отпорност. Па, еве неколку корисни намирници и препораки од нас.

астаксантин

Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц

Можеби имате слушнато за бета-каротен, ликопен, зеаксантин и лутеин, но дали знаете нешто за BioAstin (астаксантин)? Астаксантинот претставува моќен антиоксиданс, кој припаѓа во групата каротеноидни пигменти. Често се нарекува „крал на каротеноидите“. Може да се најде во некои морски растенија и животни, а е познат како еден од најсилните антиоксиданси кои се наоѓаат во природата. Придобивките од неговата консумација се многубројни, а особено се препорачува за намалување на знаците на стареење и подигнување на нивото на енергија. Се вели дека е 6000 пати помоќен од витаминот Ц, па токму тоа нé поттикна да поразговараме со Д-р Нела Деспотовкса и да се запознаеме подобро со овој природен антиоксиданс.