Мачја канџа и остеоартритис

Билката мачја канџа може да помогне при артритис – совети од Д-р Нела Деспотовска

Ако се навратиме во минатото, ќе забележиме дека претците ги користеле лековитите растенија за лекување на различни состојби. Така, старите перуански племиња се лекувале со билката мачја канџа. Ја користеле за различни болести меѓу кои и артритис. Што е мачја канџа? Дали ја има кај нас? За што сѐ може да се користи? – Одговор на овие прашања ни даде Д-р Нела Деспотовска.