Гинкго Билоба

Д-р Нела Деспотовска советува: Ginkgo Biloba ја подобрува енергијата, расположението и меморијата

Ginkgo Biloba е екстракт добиен од листовите на Гинкго Билоба – најстарото и најлековито дрво во светот, кои имаат единствена лековита моќ на луѓето да им овозможат добро здравје, а со тоа и долговечност. Во кинеската медицина е користено за лекување на различни здравствени проблеми илјадници години наназад. А, за да дознаеме повеќе за придобивките од употребата на ова лековито растение ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска.