Калинката е многу моќно и ценето овошје, одлично за срцето и крвните садови, а се верува дека има најсилни антиоксиданси од сите овошја.

Проблемот со опаѓање на косата е се почест во денешно време, и иако оваа појава не го загрозува човечкиот живот или виталните функции на телото, во голема мера влијае на социјално општествениот живот на луѓето. Почесто се јавува кај мажите, а помалку кај жени, а во ниеден случај не е пријатна појава. Никој не би можел да ги измени гените кои ги носи, но затоа преку здрава исхрана и правилна нега, процесот на губење на косата барем би се ублажил или одложил за што понатаму.
Многу долго се сметало дека се непријатели на лицата кои страдаат од висок холестерол и дека консумирањето на јајца поттикнува создавање на лошиот холестерол. Но, доколку изедете едно јајце на ден, тоа не претставува опасност и закана за вашето здравје, напротив, кога се јадат умерено јајцата се корисни за организмот.
Засиленото опаѓање на косата е проблем кој може да се јави во било која доба од животот. Ќелавоста може да биде наследна или стекната, која се јавува како резултат на агресивни козметички препарати, несоодветна исхрана, стрес, ненадеен шок, хронична настинка, грип, анемија и други состојби во организмот.
Губењето на косата (алопеција) е чест проблем, кој е повеќе изразен кај мажите отколку кај жените, а може да биде предизвикан од многу фактори: генетски фактор, хормонален дисбаланс, кожна болест, проблеми со тироидната жлезда, недостаток на хранливи материи во исхраната, хроничен стрес, јаки бои и други хемикалии за коса, несакани ефекти на одредени лекови.
Рицинусово масло или уште познато како течно злато за косата е вистински вредно да се применува за нега. На косата и дава здрав изглед и ја подобрува нејзината текстура, а исто така го забрзува нејзиниот раст и благопријатно влијае на нејзината структура. Густото рицинусово масло се добива со цедење на плодовите од растението рицинус, а бојата му е убава со златна боја нијанса.