L-Carnosine за долговечна младост и добро здравје

Научните истражувања покажаа дека L-Carnosine има неверојатна способност да ги подмлади клетките, да ги одржи нивните карактеристики и да им го продолжи животот. Затоа, во последните години зголемен е интересот за својствата на L-Carnosine, кој се смета за супстанца на долговечноста и се препорачува за сите возрасти, посебно за луѓе над 40 години. Со стареењето нивото на L-Carnosine во организмот се намалува, а како резултат на тоа се намалуваат когнитивните функции, подвижноста и метаболитичката контрола кај повозрасната популација. Освен тоа, се намалува функцијата на кардиоваскуларниот систем, а се зголемува ризикот од канцерогени заболувања. Токму тоа нè инспирира да истражуваме и да дознаеме повеќе за него.