Црвено вино за здраво срце и крвни садови

Црвено вино за здраво срце и крвни садови

Пиете ли црвено вино затоа што го сакате или свесно го штитите своето срце? Ако црвеното вино го штити срцето, би требало и црното грозје да ја има истата функција, но очигледно не е така нели? Читајте до крај и дознајте зошто има разлика.

Количината на испиено вино е исто така многу важна, но она што е поважно е количината на заштитни материи. Според тоа директен одговор на прашањето колку вино е добро за здравјето е до половина литар црвено вино, која се смета за дневна доза на здравје. Спометатите прашања биле интригантни за голем број истражувачи кои постојано го испитувале полифенолот од кожичката на грозјето и ефектите кои ги давал како врз екперименталните животни, така и врз луѓе доброволци. Добиените резултатите биле јасни – црвеното вино е полно со драгоцени заштитни материи. И тука доаѓаме до клучниот момент и јасната препорака за  корисната доза која за жени изнесува една чаша дневно, а за мажи до две чаши дневно.

Црвено вино за здраво срце и крвни садови

Црвеното вино и ризикот од кардиоваскуларни болести

Постојат бројни уверливи докази кои покажуваат дека црвеното вино, односно полифенолите кои се дел од неговиот состав ја зголемуваат заштитната HDL фракција на холестеролот и истовремено превенираат од зголемување на LDL фракцијата и нејзино оксидирање, што пак доведува до настанување на масни наслаги врз површината на крвните садови.

Така, ако при консумирањето се придржувате до препорачливата дневна доза за црвено вино, ризикот од нагло заболување на срцето и крвоносниот систем, се намалува за 30-50%. Можете да „голтате“ секакви таблети, но утврдено е дека хемиските препарати никогаш нема да можат целосно да го заменат ефектот кој се добива по природен пат. Најпрво во случај кога срцевиот мускул кој неуморно работи има краткотраен акутен недостаток на кислород настанува акутна состојба на исхемија (посинување на ткивата). Здравствената корист може да биде толку голема што би помогнало после еден преживеан во спречување на втор срцев удар, кој би можел да предизвика и смрт. Тоа се должи повторно на полифенолите присутни во црвеното вино кои се силни антиоксиданси и делуваат и додека спиете, се разбира под услов редовно да ја пиете препорачаната дневна количина на црвено вино. Тие спречуваат настанување на згрутчувања (коагулуми) на крвта, кои циркулираат низ крвните садови и во моментот кога ќе дојдат до местото каде крвниот сад е стеснет, доведуваат до опструкција (зачепување) која е позната под поимот „срцев удар“.

Што се флавоноиди и зошто се корисни?

Сувите вина кои се густи и непровидни и кои се прелеваат на сино-виолетова нијанса кога ќе ја подигниме чашата на светлина, се најбогат избор на флавоноиди. Заштитниот фактор ресвератрол (RES), кој има анти-воспалителни и анти-канцерогени способности во живите организми. Освен во виното, RES може да се најде во помали количини и во кикириките и малините. Активните супстанции (флавоноиди) оптимално дејствуваат кога се искористуваат преку природно ферментиран (превриен) алкохол.  Токму затоа, сокот од грозје не го дава истиот ефект како и црвеното вино.

Што е со сувото грозје?

Сушењето – губењето на водата и процесот на инсолација (изложување на сонце) не ги уништуваатфлавоноидите, но сепак стои фактот дека недостасува процесот на алкохолна  ферментација. Според тоа, здравствените придобивки од таквите производи би доаѓале само од содржината на антиоксиданси.

Сподели: