маска против акни

Маска против акни – за масна и комбинирана кожа

Желбата за чисто и свежо лице ја има секој од нас, па ви предлагаме да ја пробате оваа домашна маска против акни. Има несекојдневен состав за домашна маска, но затоа резултатите и ефектот на чисто лице не изостануваат. Посебно е погодна за масна и комбинирана кожа, а потребно ви е да имате на располагање само две состојки, лимон и аспирин. На лесен и евтин начин, до чисто лице без акни!

маска против акни

Акните се естетски проблем кој посебно ги измачува најмладите, а не би можеле да кажеме дека некој воопшто ужива во нив. Не секој може да си дозволи да користи скапа козметика и различни препарати кои можеби ќе помогнат во подобрување на состојбата на лицето, а бидејќи ние се уверивме во делотворноста на оваа домашна маска ја споделуваме со вас и топло ви препорачуваме да го искористите тоа што состојките се лесно достапни. Искористете ги нејзините придобивки, а посебно ќенви биде корисна ако имате масна или комбинирана кожа на лицето.

Состојки:

  • 6 истолчени таблети аспирин
  • 3 лажици сок од лимон
  • сода бикарбона за плакнење на лице.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Оваа маска против акни се подготвува многу лесно. Во чист сад измешајте ги убаво сокот од лимон и истолчениот аспирин.
  2. Маската треба да стои на лицето околу 10 минути.
  3. Се отстранува така што, во 1 литар вода треба да се раствори 1 ќесичка сода бикарбона, па со таа течност се мие маската од лицето.

Дополнителни совети против акни:

  • За здрава кожа, навечер не треба да се спие со креми и шминка на лицето.
  • Пиењето на една чаша сок од лимон дневно, превенира акни и флеки.
  • Не ја занемарувајте домашната нега.
  • Со секојдневен труд, упорност и трпение, може да постигнете резултати кои ќе ве радуваат и ќе ве ослободат од акните и митесерите.

Ви предлагаме да прочитате: 8 намирници против акни.

Сподели: