Битолски новогодишен базар

На 27-ми Декември, сите се гледаме во Битола! Бидете дел од Битолскиот новогодишен базар. Ротари Клуб Битола ,,Широк Сокак” со поддршка на Oпштина Битола, по примерот на големите светски метрополи организира „Битолски новогодишен базар” на ден 27.12.2018. од 16-22 часот.

Битолски новогодишен базар

Пишуваме историја….
Бидете дел од првиот „Битолски новогодишен базар”. Ве очекуваме на еден поинаков “After work” со музика, на чаша варено вино или ароматичен чај со рум!
Нека биде празник за нашата Битола со музика што ја храни душата, а дружбата го храни срцето. Плоштадoт ,,Магнолија” нека биде местото каде ќе ја оживееме магијата на старите дружби на Широк Сокак, каде низ вековите се родиле многу љубови, многу пријателства и многу бизнис партнерства. Сретнете се со школски другари, со сoседи од старатo маaлo, со соработници, роднини и пријатели на едно место…
На овој настан предвидено е да учествуваат компании и индивидуалци кои ќе ги изложуваат и продаваат своите производи. Медиумски покровители на настанот се: sezahrana.mk и tera.mk.
Средствата кои ќе бидат собрани на овој настан по пат на спонзорства целосно ќе бидат насочени во нашите хуманитарни проекти.
Ве очекуваме!
Битола Бабам Битола – Таму се живот живее, таму се јаде и пие…

Сподели: