Овошно, свежо и лесно за јадење, многу вкусно! Благ ролат со џем е фантастичен избор за десертниот момент. Рибизлите му даваат посебна свежина, а ако сакате може да го замените џемот со друг вкус!
Идеално за очи и слатко за јадење, со неколку збора кажано, едвај ќе чекате да се допече и да го пробате. И благодариме на нашата пријателка Лана од блогор Kuhinjica Mignone за прекрасниот рецепт! А, ако сакате да дознаете како може да направите џем од рибизли, кликнете тука.

Состојки:
- 2 јајца
- 150 гр шеќер
- 150 гр брашно
- 6 лажици млеко
- 1 лажичка прашок за печиво
- малку нарендана лимонова кора
- џем од рибизли по потреба (по желба или доколку немате може да употребите различен џем).
Подготовка:
- Белките изматете ги пенесто, а потоа продолжете да матите и една по една додајте ги и жолчките.
- Во изматените јајца додајте го шеќерот, матете, потоа додајте го млекото и на крај полека замешајте го и брашното, кое претходно сте го измешале со прашокот за печиво.
- За поубава арома додајте и малку рендана лимонова кора.
- Смесата турете ја во помал плех (22х23 см) и печете на температура од 180 степени за време од 15 минути.
- Печената кора префрлете ја врз влажна кујнска крпа и завиткајте ја во ролат. КОга ќе се излади, внимателно одмотајте ја и филовајте ја со џемот.
- Потоа повторно завиткајте ролат и посипете со шеќер во прав. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Благ ролат со фил од какао.