Кора од лимон – 13 нејзини употреби

Лимоните освен што се вкусни имаат голем број на здравствени придобивки за здравјето. Кога се нанесуваат локално, тие се природни чудесни лекови за кожата и косата. Штом се зборува за придобивките од лимоните, најпрво многумина помислуваат на лимоновиот сок, но и кората од лимоните содржи одредени ензими кои помагаат за подобро здравје.

Дали сте знаеле за неверојатната корист на кората од лимони? Ако сеуште не сте се информирале, ова е одлична можност да го збогатите вашето знаење.

кора од лимон

Во продолжение прочитајте ги избраните 13-те употреби на кора од лимон:

  1. Кората од лимон содржи 5-10 пати поголема количина на витамин Ц, во споредба со лимоновиот сок.
  2. Помага за намалување на телесната тежина и го регулира варењето на храната. Кората од лимон е богата со растителни влакна кои овозможуваат правилно варење на храната и намалување на вишокот килограми.
  3. Спречува намножување на паразити и интестинални црви (тении) во дигестивниот систем.
  4. Флавоноидите кои се наоѓаат во кората од лимоните, се борат против канцерогените промени на клетките и помагаат во борбата против рак на дебелото црево, кожата и градите.
  5. Има антидепресивно дејство.
  6. Кората од лимон е богата со полифенолни флавоноиди, кои помагаат за намалување на нивото на лошиот холестерол, со што се намалува и ризикот од висок крвен притисок.
  7. Благодарение на витаминот Ц кој го содржи, кората од лимон го зајакнува имунитетот, штити од бактериски инфекции, настинки и грип.
  8. Недостаток на витамин Ц доведува до проблеми со непцата и забите како гингивитис, крвавење на непцата и скорбут. Кората од лимон е богата со лимонска киселина и витамин Ц кои овозможуваат беспрекорна хигиена и здравје на усната празнина.
  9. Помага при цистит и тумори.
  10. Делува дезодорантно во фрижидер или на друго место каде што е складирана различна храна.
  11. Заштитува од инсекти и нивни убоди.
  12. За да се зачува здравјето и цврстината на коските, потребно е да се консумира храна богата со калциум и витамин Ц, како што е кората од лимон.
  13. Го регулира крвниот притисок.

Совет: Пред да ја консумирате кората, добро измијте го лимонот. Лимоните додека да стигнат на пазарите, се транспортираат на големи далечини и некогаш може да содржат восок кои има за цел да ги заштити при транспортот. Затоа, најдобро е да одгледувате дома или да купувате органски лимони.

Сподели: