лимон

Лимон – 10 причини кои го прават супер здрава храна

Лимонот припаѓа во групата на цитрусните овошја, во која што спаѓаат портокалот, мандарината, грејпфрутот и др. Лесно е достапен преку целата година и има повеќе намени во кујната, а особено е корисен кога е во прашање вашето здравје.

Сокот од лимон е одличен извор на витамините Ц и Б, протеини, јагленохидрати и фосфор. Особено е значајно присуството на флавоноидите кои делуваат антиоксидативно, ги неутрализираат штетните радикали, го намалуваат ризикот од појава на канцерогени заболувања и помагаат при третман на различни болести.

лимон

Постојат голем број на причини кои го прават лимонот супер храна, а ние ги издвоивме најдобрите 10:

  1. Сокот од лимон помага при запек и диареја. Лимоните помагаат да се прочисти дигестивниот тракт и овозможуваат правилно варење на храната. Свежо исцедениот сок помешан со ладна вода е одличен лек при дијареја, а лицата кои имаат проблеми со запек, при подготовка на лимонада, наместо ладна, треба да користат топла вода.
  2. Лимоните помагаат во производството на антитела, кои превенираат различни инфекции и го штитат организмот од штетни микроорганизми.
  3. Истражувањата покажале дека лимонот поседува антиканцерогени својства, при што ја намалува појавата на рак на цревата, простата и градите.
  4. Како резултат на високата содржина на калиум, лимонот го контролира високиот крвен притисок, помага при вртоглавица, гадење, и овозможува релаксација на умот и телото.
  5. Лимонот поседува антибактериски својства кои помагаат при болки во грлото. Доколку страдате од болки во грлото, исцедете половина лимон во чаша со вода и направете гаргара.
  6. Лимоните се одлични при настинки, грип и покачена температура. Тие помагаат да се намали телесната температурата, така што го засилуваат потењето.
  7. Лимонот има антисептични и коагулантни својства, така што може да го стопира внатрешното крварње. Доколку имате проблеми со крварење на носот, ставете неколку капки сок од лимон на памук, а потоа поставете го во внатрешноста на носот за да се спречи крварењето.
  8. Сокот од лимон кој е измешан со вода е одличен за секого кои има респираторни проблеми како кашлица и астма.
  9. Чаша топла вода со лимон и малку сол, може да ви помогне да ослабите и да го намалите холестеролот.
  10. Кога ќе се нанесе врз изгореници, сокот од лимон го намалува печењето, така да овозможува чувство на ладење.

Сподели: