Зошто на организмот му е потребна алкална диета? – Одредена храна има кисели својства и ја зголемува киселоста на организмот кој по природа има алкална средина. Затоа е потребно да се внесува повеќе храна со алкални својства. Еве што се препорачува.

Дали и како го користите целерот во исхраната? Што знаете за него, освен дека е зачин со пријатен мирис и вкус? Време е за мала, но важна едукација која ќе ве поттикне почесто да ги искористите 7-те придобивки од целерот. Богат е со витамини и минерали, го штити срцето, помага за намалување на вишокот на килограми, го отстранува непријатниот здив, ги елиминира токсините…
Скоро секоја диета во себе вклучува здрав и редовен појадок. Правилниот појадок во комбинација со неколку дополнителни здрави навики може навистина да ви помогне во губењето на вишокот килограми. Па, погледнете ги нашите утрински ритуали здраво слабеење и совршен почеток на денот, со кои ќе слабеете на полесен и здрав начин.
Дали посакувате да се вратите во времето кога имавте неколку килограми помалку? Дали ви е смачено од носење на поширока облека, темни пантолони и мидери кои ја кријат вашата фигура? Притоа, факт е дека оваа облека не може да ве заштити од заболувања кои се предизвикани од прекумерната телесна тежина, како што се дијабетесот, кардиоваскуларните заболувања и неплодноста. Но, намалувањето на вишокот на килограми може. За таа цел може да ви помогне и спирулината. Прочитајте ги 3-те факти кои ја прават Hawaiian Spirulina идеална храна за слабеење.
До губење на телесните масни наслаги може да се дојде само со рестрикција на внесот на калории. Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, тоа може да го направите на многу едноставен начин. Сѐ што треба да направите е во исхрана да вклучите јаболко за слабеење. Со негова помош ќе го намалите внесот на калории на здрав начин. Не ви се верува? Погледнете ги нашите предлози!
Пролетните денови веќе ни пристигнаа. Сигурни сме дека голем број од вас веќе размислуваат за тоа каде ќе одат на летување и ги пробуваат старите костуми за капење. Тоа секако само по себе го поттикнува и прашањето како да се симнат вишокот килограми кои се наталожиле во текот на зимата и празниците. А за да ви помогнеме во таа цел, ви ја претставуваме познатата диета со лимонов сок и мед, со чија помош се слабее на здрав начин, а целото тело се прочистува од штетните токсини.
Штом зачекориме во првите пролетни денови, обично веднаш почнуваме да размислуваме и за вишокот килограми кои сме ги добиле во текот на зимата. Во зимскиот период овие дополнителни килограми е лесно да се прикријат со помош на слоевитото облекување, но во потоплите денови вистината излегува на виделина. За да ги пречекате пролетните денови во топ форма, ви ја препорачуваме оваа супер диета за пролетна преобразба.
За да бидете задоволни, да имате успешна диета и да имате чувство дека сте направиле сѐ за истата да ги исполни посакуваните резултати, треба да се почитуваат неколку правила. Почетокот на новата година е секогаш одличен период за донесување на нови одлуки, па така повеќето луѓе баш тогаш одлучуваат да се хранат поздраво и да го намалат вишокот на килограми. Ако и вие одлучите новата година да ја започнете во топ форма, прочитајте ги овие 3 мали правила кои ќе ви помогнат поуспешно да ја спорведете вашата диета.
Намалувањето на телесната тежина е тесно поврзано со губењето на косата и генерално се должи на состојбата која е уште позната и како телоген ефлувиум. Во нормални услови косата расте околу 1-3 см месечно, во период од 2 години, па преминува во фаза на одмор која е наречена телогена фаза. На крајот од оваа фаза, старите влакна паѓаат за да напрват простор за новите влакна кои треба да никнат. Околу 10 % од косата оди во фаза на одмор, но понекогаш физичкиот и емоционалниот стрес може да предизвикаат во оваа фаза да се најде повеќе коса од вообичаено, што резултира со видливо проретчување на косата.
Кога новогодишните и божиќните празници ќе ни пристигнат, најверојатно ќе заборавите на сите правила за здрава и избалансирана исхрана, па ќе посегнете по сите мали слатки задоволства кои вообичаено ги одбегнувате. Затоа, сега е вистинско време да го подготвите вашиот организам за нездравиот начин на исхрана во празничните денови.
Во претходна прилика, подетално објаснивме зошто спирулината се нарекува најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото. Но, тие корисни информации не би биле целосни, ако не знаеме за кого е наменета спирулината. Зошто и кој се може да ја користи, ни одговори Д-р Нела Деспотовска. Па погледнете ги препораките и советите.
Тиквичките се исклучително корисни за многу болести и подобрување на работата на гастроинтенстиналниот тракт, анемија, кардиоваскуларни болести, хипертензија и дебелина. Ако ја примените оваа диета со тиквички, без проблем ќе може да намалите 4 до 6 килограми за еден месец. А ако се придржавте една недела, би требало да намалите 2 до 3 килограми.
Дали држењето на диета ви изгледа тешко? Сметате ли дека правите се што треба, а килограмите не се намалуваат? – Сите сме поминале низ оваа фаза, но не се грижете, имаме решение и за тоа. Можеби ви изгледа дека правите се како што треба, но размислете уште еднаш. Ви ги претставуваме најчестите грешки кои ги правиме за време на држењето на диети, поради кои не губиме килограми.
Дали знаете дека темното чоколадо може да се јаде и при диета? Тоа е сојузник на добрата линија, а бидејќи се смета за здрава ужина се препорачува да се консумира секој ден по две до три коцки. Древните Маи го сметале за храна на боговите и не погрешиле: чоколадото е добро за здравјето. Секако, тоа се однесува на темното чоколадо. Имено, колку е потемно, толку е подобро за вашето здравје.