диета со лимонов сок

Диета со лимонов сок и мед за слабеење на здрав начин и детоксикација

Пролетните денови веќе ни пристигнаа. Сигурни сме дека голем број од вас веќе размислуваат за тоа каде ќе одат на летување и ги пробуваат старите костуми за капење. Тоа секако само по себе го поттикнува и прашањето како да се симнат вишокот килограми кои се наталожиле во текот на зимата и празниците. А за да ви помогнеме во таа цел, ви ја претставуваме познатата диета со лимонов сок и мед, со чија помош се слабее на здрав начин, а целото тело се прочистува од штетните токсини.

Диетата со лимон и мед се покажала како многу делотворна, а притоа е и многу едноставна. Сѐ што треба да направите е секое утро да испиете чаша топла вода со една лажица мед и малку свежо цеден лимонов сок. Оваа диета за да даде најдобри резултати се препорачува да се комбинира и со здрав начин на исхрана и физичка активност. Тоа значи дека не може преку целиот ден да јадете слатка храна, леб и брза храна и да очекувате дека ќе ослабете доколку наутро испиете една чаша со мед, лимон и вода.

диета со лимонов сок

Здравствени придобивки од консумирањето на мед

Медот е богат со витамин Б6, железо и манган. Исто така, содржи и фенолни соединенија кои делуваат како моќни антиоксиданси. Тие ги спречуваат оштетувањата кои настануваат од делувањето на слободните радикали. Слободните радикали предизвикуваат артериосклероза и кардиовасклурани заболувања. Стручњаците тврдат дека медот помага при слабеење, затоа што ги раствора масните клетки. Но, сѐ уште не се реализирани доволно истражувања за цврсто да се потврди оваа теорија. Многу е важно за оваа намена да се користи природен мед.

Здравствени придобивки од консумирањето на лимон

Само 4 лажици свежо цеден лимонов сок ќе ве обезбедат со половина од дневните потреби за витамин Ц. Општо е познато дека витаминот Ц делува како антиоксиданс кој ги штити клетките од лошто влијание на слободните радикали и токсини на кои сме секојдневно изложени. Витаминот Ц го намалува холестеролот кој често е поврзан со срцеви заболувања, мозочен удар и канцерогени заболувања. Научниците тврдат дека лимоновиот сок помага за производство на колаген. Колагенот ги поврзува лигаментите, рскавицата и останатите ткива во целина.

Може да ве интересира: 4 причини да го вклучите пилешкиот колаген во вашата исхрана.

Влијанието на млаката вода со лимон и мед врз целокупното здравје

Главното правило на оваа диета е наутро на празен стомак да испиете една чаша млака свежо цеден сок од половина или еден лимон и една лажица мед. Нутриционистите препорачуваат покрај тоа, во текот на денот да испиете од 8-12 чаши вода. Тие истакнуваат дека водата помага да се ослободите од констипацијата, го поттикнува варењето и апсорпцијата на витамините и минералите кои се од витално значење за целиот организам. Недовниот внес на вода може да доведе до дехидратација, умор, констипација и вртоглавица.

Па, зошто да не започнете со оваа диета со лимонов сок?

Ви препорачуваме да прочитате: Диета со тиквички – ослабете и исчистете го организмот од токсините.

Сподели: