Алкална диета – која храна се препорачува?

Зошто на организмот му е потребна алкална диета? – Одредена храна има кисели својства и ја зголемува киселоста на организмот кој по природа има алкална средина. Затоа е потребно да се внесува повеќе храна со алкални својства. Еве што се препорачува.

За одржување на оптимално здравје, на телото му е потребна благо алкална средина, а тоа значи pH околу 7,4. Бубрезите имаат моќ да го исфрлаат вишокот на киселини. Но, кога во организмот се натрупале повеќе отколку што бубрезите можат да филтрираат, постои ризик од настанување на камен во бубрег, деградација на мускулите, артритис, дијабетес и друго. За да не дојде до тоа, се препорачува 80% од исхраната да биде алкална храна, а храната со кисела средина да биде застапена до 20%. Секогаш да се избира свежа храна богата со минерали.

храна за алкална диета 2

Придобивки од алкалната диета

Придобивките кои ги носи оваа диета се навистина бројни. Ваквиот начин на исхрана помага за подобрување на:

  • здравјето на коските
  • здравјето на срцето
  • когнитивните способности и помнењето
  • превенира хипертензија и мозочен удар
  • го намалува трошењето на мускулна маса.

Она што е најдобро, е тоа дека алкалната диета не е скапа и не бара посебни намирници. Тоа е така затоа што тоа е обично храна која ни е добро позната, пробана, застапена во исхраната и лесно достапна по маркетите и пазарите.

Алкална храна која се препорачува

Растителната храна од секојдневната исхрана има алкална средина. Овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови, семињата, житариците и мешункастиот зеленчук се намирниците кои треба да се консумираат при оваа диета.

Зеленчук

Штом го зголемите дневниот внес на зеленчук, на добар пат сте кон алкална диета. Најдобро е да го јадете свеж или зготвен на пареа, бидејќи пржениот или динстуван зеленчук во голем дел ги губи хранливите вредности. Спанаќ, брокула, цвекло, кељ, магдонос, моркови, целер, краставици, зелка, кромид, се само дел од оваа група намирници кои го алкализираат организмот.

Овошје

Од овошјето, може да се консумираат јаболка, банани, јагоди, диња, лимон, лимета, портокал, праска, лубеница, круша, грозје… Треба да се избегнуваат сливи, брусница и боровинки за кои е докажано дека имаат кисела средина.

Јаткасти плодови и семиња

Бадемите, костените, оревите, сусамот и чиа семето се со алкална средина, па со сигурност може да ги вметнете во исхраната. Другите семки и јатки имаат малку покисела средина, па не се препорачуваат.

Житарици и мешунки

Житариците и мешункастите плодови се исто така алкални намирници. Од житариците, амарант, просо и киноа се единствените со алкална средина. Од мешунките – грашок, грав и свежи производи од соја.

Храна која треба да се избегнува

Доколку се решите за алкална диета, препорачливо е да ја намалите, па дури и целосно да ја исфрлите од менито животинската храна. Тоа значи да не се внесува месо, јајца, млеко и млечни производи, барем додека сте на овој режим на исхрана. Повремено може да се консумира риба и козјо млеко. Вештачките засладувачи, белиот шеќер, меласата, медот и јаворовиот сируп исто така се намирници со кисела средина. Треба да се избегнуваат и леб и тестенини. Недостатокот на алкалната диета е тоа што се внесуваат многу малку протеини, а и премногу алкална средина може да биде неповолна за здравјето. Затоа ваквата рестрикција не треба да се прави на долг рок. Во никој случај не треба да бидете екстремни во диетите.

Ви препорачуваме да прочитате: Алкална храна за супер здравје и енергија.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: