Диета за пролетна преобразба во 4 чекори 1

Диета за пролетна преобразба во 4 чекори

Штом зачекориме во првите пролетни денови, обично веднаш почнуваме да размислуваме и за вишокот килограми кои сме ги добиле во текот на зимата. Во зимскиот период овие дополнителни килограми е лесно да се прикријат со помош на слоевитото облекување, но во потоплите денови вистината излегува на виделина. За да ги пречекате пролетните денови во топ форма, ви ја препорачуваме оваа супер диета за пролетна преобразба.

Таложењето на килограми преку зима воопшто не е чудна или ретка појава. Повеќето луѓе се опуштаат, бидејќи во овој период  се носи поширока и подебела облека, а и како резултат на бројните празници кога се јаде пообилно и покалорично. Пролетта само што не ни пристигнала, па време е да се погрижиме за вишокот килограми, а ние секако имаме многу корисни совети за вас во таа насока.

Диета за пролетна преобразба во 4 чекори 2

Јадете повеќе зеленчук

Добрата вест е што со пролетта ни пристигаат и многу нови сезонски намирници во кои може да уживаме без да внесуваме доплнителни калории. Јадете намирници кои ќе ве заситат, а кои не дебелеат. Свежи салати, обарен зеленчук и посно месо се најдобриот избор за ручек. Како предјадење, пред главниот оброк изедете голема порција со салата и сигурно ќе изедете многу помалку од главното јадење од обично. Само внимавајте и преливот за салата да биде диетален, без мајонез, јогурт и полномасно сирење.

Топол појадок

Нутриционистите советуваат за појадок секогаш да одберете топла овесна каша, наместо суви житарки. Домашната каша содржи многу помалку калории, додека пак општо е познато дека во сувите житарки често пати има додадено на шеќер. Појадокот кој е богат со растителни влакна, помага и за намалување на ризикот од појава на дијабетес, срцеви заболувања и карцином.

Консумирајте напитоци со зелена боја

Исфрлете ги од употреба сите оние напитоци кои содржат шеќер или се газирани и заменете ги со здрави домашни шејкови, или уште подобро со зелен чај. Катехинот кој се содржи во зелениот чај го поттикнува организмот да го согорува вишокот на калории и на тој начин ги намалува масните наслаги во телото. Но, за да има ефект секако треба да се придржувате и до другите совети.

Наградете се со парче темно чоколадо

Доколку од исхраната ги исфрлите сите намирници во кои уживате, може диетата да ја доживеете како казна и да почуствувате отпор кон здравите навики кои ги налага истата. Слободно повремено наградете се со коцка или две темно чоколадо. Тоа не само што е дозволено, туку и се препорачува да се консумира за време на оваа диета. Темното чоколадо изобилува со антиоксиданси, го намалува ризикот од срцеви заболување, дијабетес и го намалува покачениот крвен притисок. Покрај тоа, богато е и со железо, магнезиум и калиум, а што  најважно го покачува и нивото на серотонин во крвта, па го подобрува расположението.

Совет плус: Никогаш не претерувајте со диетите, особено не со оние рестриктивните. Започнете со мали чекори, но стремете се кон големи успеси. Најважно е да се храните здраво и избалансирано и да имате редовна физичка активност, која не мора да биде интензивна и напорна. Понекогаш и прошетка која е пократка од 1 час во текот на денот е доволна. И за крај, за една диета да биде успешна треба однапред да ги планирате вашите оброци, особено ако во текот на денот поради работата немате доволно време за готвење.

Ви препорачуваме да прочитатe: 3 мали правила за успешна диета.

Сподели: