5 најчести митови за слабеењето

Секој има некакво мислење за исхраната и слабеењето кое сака да го сподели со другите. Постојат и бројни стручњаци кои заговараат одредени мислења и често ги уверуваат луѓето дека баш тие се правилни. Но, со текот на ширењето на идеи за диетите и слабеењето, се создале бројни митови во кои луѓето слепо веруваат, а всушност воопшто не се вистинити. Затоа, заборавете што ви рекле другите, па дури и тренерите, затоа што можеби и тие верувале во погрешни работи.

Здравата исхрана не значи скратување и неконсумирање на нешто што не е здраво и претерано консумирање на здрава храна. Здрава исхрана значи урамнотежена и разновидна исхрана. Кога ќе престанете со следење на овие митови и ќе започнете да практикувате здрава исхрана и вежбање, килограмите сами ќе се стопат.

најчести митови за слабеењето

Мит број 1 – Мора да ги броите калориите

Не е важен само бројот на калории, туку важно е од каде доаѓаат тие калории. На пример, оброк со авокадо, може да има еднаков број на калории како и колач, но хранливите материи кои ги има авокадото далеку се покорисни од колачот. Затоа треба да обрнете внимание што јадете, а не колку јадете.

Мит број 2 – Десертот е забранет

Истражувањата покажуваат дека ако некому му е забранет десертот, тој има потреба да се прејадува со други намирници. Освен тоа, постојат и здрави десерти кои не содржат рафиниран шеќер. Десертот не би требало да е забранет, а личноста која сака да ослабне, треба да научи да јаде разумно и да ужива во десертот.

Мит број 3 – Утре ќе го надополнам она што требаше да го направам денес

Било дали станува збор за јадење кое не се препорачува во диетата или пак намерно прескокнување на тренингот, треба да знаете дека не е добро да го прекршите процесот и да го надохнадите наредниот ден. И да обработите дупло, треба да знаете дека не сте се решиле од калориите внесени со вчерашната брза храна, а ниту пак сте го надополниле пропуштениот тренинг.

Мит број 4 – Избегнување на овошје

Научниците потврдиле дека свежото овошје во исхраната не дебелее, туку дури и помага во намалување на килограмите. Се се сведува на контрола што се јаде. Избегнувајте преработена храна со додаден шеќер, а консумирајте слатко овошје.

Мит број 5 – Мора да го планирате секој оброк

Спротивно на верувањето дека мора да го планирате секој оброк, нутриционистите тврдат дека на тој начин може да ја прекршите диетата. Тоа е така затоа што вашето тело може да има желба за некоја храна која не е на менито тој ден, а која сепак ќе ја изедете и така ќе го прекршите планот на исхрана за слабеење. Доволно е да одлучите што ќе јадете следно неколку часа или максимум еден ден пред оброкот.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 мали трикови за полесно слабеење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: