Современиот начин на живот и брзото темпо, доведуваат до стрес, замор и недостаток на енергија. Тоа често се поврзува со недостаток на Б витамините, кои при вакви состојби се потребни во поголеми количини. Што е витаминскиот комплекс B-50, за кого се препорачува и како се користи? – Ви откриваме од нашиот разговор со Д-р Нела Деспoтовска.
B-50 е супериорен комплекс на B витамини, плус холин и инозитол. Овие витамини се од суштинско значење за производство на црвени крвни клетки, здрав метаболизам на хомоцистеинот, како и за здравјето и функцијата на нервите. Б витамините се важни за метаболизмот и варењето на храната, како и за производство на енергија, што значи дека тие помагаат храната што се внесува да се претвори во гориво кое телото ќе може да го искористи.
Што содржи B-50 од Now Foods?
B-50 е комплекс на витамини од Б групата. Во својот состав содржи:
- Тиамин (Витамин Б-1) (од Thiamin HCl)
- Рибофлавин (Витамин Б-2)
- Ниацин (Витамин Б-3) (како Niacinamide)
- Витамин Б-6 (од Pyridoxine HCl)
- Фолат Б-9
- Витамин Б-12 (како Cyanocobalamin)
- Биотин
- Пантотенска киселина (од Calcium Pantothenate)
- Холин (од Choline Bitartrate)
- PABA (Para-Aminobenzoic Acid)
- Иноситол.
Б витамните имаат различни функции. Тиаминот е важен за клетките во телото. Им помага за нивно правилно развивање и функционирање. Ниацинот игра слична улога, помагајќи во обезбедувањето на енергија за работата на клетките.
Витаминот B-6 е суштински за функцијата на имунолошкиот систем и невролошкиот развој. Витаминот B-9 исто така игра улога во спречување на вродените дефекти кај новороденчината, како и при анемија, рак и кардиоваскуларни заболувања. Витаминот B-12 му помага на телото во создавањето на црвени крвни клетки.
Како се користи В-50?
В-50 комплекс има стимулирачки ефект врз организмот. Најдобро е да се зема наутро со првиот оброк за да ги надополни хранливите материи и да го подобри метаболизмот.
Витаминскиот комплекс B-50 се зема како додаток во исхраната. За кого се препорачува?
Овој супериорен комплекс, ги обезбедува Б витамините во високи дози, многу повеќе од препорачаниот дневен внес. Обично се користи за спречување или третирање на дефицит на хранливи материи, а може да се препорача за бремени жени или за луѓе со одредени медицински состојби. Се препорачува во периоди на поголем стрес и кај лица кои водат активен живот.
Најголем дел од луѓето можат да добијат доволни количини на витамините B преку храната која ја консумираат. Сепак, бремените жени, како и некои лица со одредени гастроинтестинални проблеми може да имаат потреба од поголеми количини. Луѓето со нарушувања на дигестивниот систем често имаат проблеми да апсорбираат витамини и мораат да користат додатоци на исхрана со многу поголеми количини.
Витамините во B-50 комплексот се многу поголеми од количините што обично се потребни. На пример, една таблета B-50 содржи 50мг B-6 витамин, со што е 2941% од дневната препорачана доза. Истото важи и за витамин B1; 50 мг изнесуваат 4167% од препорачаната дневна доза. Концентрацијата на витамините може да ја погледнеш тука.
Од каде може да се набави B-50?
Витаминскиот комплекс B-50 може да го нарачаш од онлајн продавницата на vitamini.mk (Тримекс) или да го набавиш од поголемите аптеки. За дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Важно: Пред започнување со користење на додатоци на исхраната, особено на B-50 кој содржи високи дози на витамини, секогаш консултирајте со вашиот лекар. Витамините земени во дози поголеми од потребните можат да предизвикаат несакани ефекти. Вашиот лекар може да ви помогне да изберете додаток на исхраната според вашите потреби.
Може да те интересира: Витамин Б-2 против главоболка и анемија.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.