Ви досадило од икање - Сѐ што ви треба за да престанете имате во вашата кујна 1

Ви досадило од икање? Сѐ што ви треба за да престанете имате во вашата кујна!

Еве решенија и тоа со природни лекови! Колку пати ви се случило да ве зафати „бран“ на икање и да не можете да престанете, а не помогнало ни задржувањето на здивот, ни вода, ни преплашување како што често сме слушнале помеѓу народот? Ви припремивме неколку совети кои следниот пат може да ви бидат од корист.

Икањето настанува со нагло и изненадно стегање на дијафрагмата, која е примарен мускул за дишењето и е битна за соодветна работа на белите дробови. Природните лекови против икање помагаат така што го стимулираат nervus vagus. Овој нерв води до желудникот и разликува осет од вкус, па до температура. Еве што би можеле да правите при икање.

Ви досадило од икање - Сѐ што ви треба за да престанете имате во вашата кујна 2

Искористете ја силата на кардамонот

Ова е еден од најуспешните лекови за икањето. Додајте една лажица кардамон во прав во пет шолји вода и оставете да зоврие. Течноста исцедете ја и пијте ја кога ќе се излади. Овој напиток ќе ја опушти дијафрагмата, а тоа ќе го стопира икањето.

Џвакајте ѓумбир

Можеби има непријатен и жесток мирис и вкус, но помага.

Путер од кикиритки

Ова е еден од најдобрите лекови кој посебно помага кај децата, затоа што тие обично не сакаат да испробуваат нови вкусови. 1 лажица путер од кикиритки ќе биде доволна за икањето да застане.

Папаја

Ова тропско овошје може да ви помогне при икање, затоа што причината за тоа може да биде проблем со варењето на храната. Најдобро е ако можете да каснете свежа папаја.

Јогурт и сол

Во чаша јогурт додајте лажичка сол. Мешајте додека потполно се стопи и земајте полека по 2-3 мали лажички додека престанете.

Коцка шеќер

Одличен лек за децата. Едноставно треба да се шмука додека се стопи.

Вода

Немојте да ја пиете водата наеднаш до дното, туку пијте во мали голтки. Дијафрагмата ќе се опушти по само неколку голтки.

Јаболкова киселина

Јаболковата киселина скоро во моментот го престанува икањето.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 намирници против надуеност.

Сподели: