антицелулитни чаеви

5 најдобри антицелулитни чаеви

Целулитот ги погодува дури 80 отсто од жените, но не ги одминува ниту мажите. Може да се појави во пубертетот, адолесценцијата, но и во менопаузата кога хормоните се вознемирени без разлика на телесната тежина. За да се ослободите од него, помош може да пронајдете и во природата. Растителните чаеви се евтини и им се достапни на сите, не се штетни по здравјето, а некои од нив се вистински антицелулитни еликсири. Во продолжение ви откриваме кои се најдобрите антицелулитни чаеви.

Покрај важноста на правилната исхрана, телото треба да обезбеди што е можно повеќе течност за да се забрза метаболизмот и излачувањето на токсините. Најдобро е да се пие чиста изворска вода и природни чаеви кои ја забрзуваат циркулацијата и детоксикацијата на тело. Тоа е основа на секоја антицелулитна диета. Продолжете со читање и дознајте кои се најдобрите антицелулитни чаеви.

5 најдобри антицелулитни чаеви

Чај од глуварче

Чајот од глуварче е еден од бројните природни лекови против целулитот. Овој чај најчесто се прави од листовите и корењата, а понекогаш се зема и целото растение. Чајот од глуварче го чисти телото и помага во борбата против вишокот килограми и помага за намалување на целулитот.

Чај од коприва

Тој е одлично средство за чистење на телото и добар диуретик. Неговата консумација помага да се елиминира вишокот течност од масните делови на телото, па затоа се смета за добар антицелулитен чај. Овој чај помага во спречување на целулитот, бидејќи копривата ја стимулира циркулацијата и детоксикацијата на телото.

Зелен чај

Зелениот чај е многу моќен антиоксиданс. Овој чај е идеален во борбата против целулитот бидејќи содржи теобромин и кофеин. Исто така, зелениот чај има диуретично дејство, помагајќи да се ослободите од вишокот течност, што исто така се акумулира во целулит.

Чај од пченкарна свила

Пченкарната свила долго време се користи како лек, тој е еден од најсилните природни диуретици. Чајот од пченкарна свила е добар и за слабеење, а се смета и за добар чај против целулит. Помага да се ослободат и исфрлат токсините од телото.

Чај од магдонос

Магдоносот подеднакво се користи како зачин и лек. Овој чај помага и во лекувањето на артритис и ревматизам, бидејќи ги ослободува воспалените делови од токсините. Дејствува како диуретик, бидејќи се бори против задржувањето на водата. Одличен е за слабеење, а се користи и како чај против целулит.

Свет плус: Чаевите се погодни за секојдневна употреба, но ако имате проблеми со притисокот, дијабетес, бремени сте или доите задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобри совети за тело без целулит.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: