Веројатно сте пробале секакви диети. Но знаете ли дека најефективен начин на слабеење е ако значително го зголемите внесот на вода во организмот? Истражувањата покажуваат дека секоја диета е далеку поефикасна, а килограмите значително побрзо се топат доколку го зголемите внесот на вода.
Водата е клучен фактор за многу процеси во нашето тело. Таа е единствена течност без калории, а многу важна за голем број метаболични процеси. Затоа, внесувајте доволна количина на течности во организмот и намалете ги килограмите.

Го намалува апетитот
Пиењето на вода пред јадење е еден од најевтините и наједноставните трикови за слабеење. Го намалува апетитот и со тоа се внесува помала количина на храна во организмот. Освен тоа, го забрзува метаболизмот кој е исто така важен фактор во намалувањето на телесната тежина.
Го зголемува согорувањето на калориите
Водата е најдобриот пијалок за гасење на жедта и хидрирање на организмот. Го стимулира метаболизмот кај луѓето со прекумерна телесна тежина, а овој ефект се зголемува доколку водата што ја пиеме е студена.
Помага да се отстрани отпадот од телото
Кога телото е дехидрирано, не може правилно да го отстрани отпадот од телото. Пиењето доволно течности може да биде првиот чекор кон олеснување на запек. Ако сме дехидрирани, телото почнува да влече вода дури и од дебелото црево. Правилната хидратација ги прави движењата на дебелото црево почести и поудобни.
Неопходна е за согорување на маснотиите
Без вода, телото не може правилно да ги метаболизира складираните маснотии или јаглехидрати. Пиењето доволна количина е од суштинско значење за согорување на маснотиите од храна и пијалоци, како и наталожените маснотии.
Помага при вежбање
Една од најважните компоненти на секој план за слабеење е вежбање. Водата им помага на мускулите, сврзните ткива и зглобовите правилно да се движат. Исто така, им помага на белите дробови, срцето и другите органи да работат ефикасно бидејќи ја зголемуваат активноста за време на вежбање. Секогаш внесувајте течности пред, за време и после вежбање, за да избегнете дехидратација.
Колку вода треба да пиете?
Не постои стандардна препорака за тоа колку вода да се пие, а најопшта е препораката за 2 литри дневно. Сепак, некои луѓе имаат потреба од повеќе, некои од помалку, во зависност од различни фактори:
- ниво на активност
- возраст
- големината на телото
- температура
- влажност на воздухот
- изложување на сонце
- здравствена состојба.
Следните совети можат да ви помогнат да го зголемите внесот на вода:
- консумирајте барем една чаша вода со секој оброк
- пиење вода кога вежбате или за време на физичка активност
- пиење вода кога е топло, влажно или многу сончево
- чување чаша вода во близина на креветот
- јадење повеќе супи и оброци богати со течност
- јадење овошје и зеленчук со висока содржина на вода, особено бобинки, грозје, дињи, домати, целер, краставици и зелена салата.
Ви препорачуваме да прочитате: Убава и здрава кожа – тајната е во водата.