дониа локум

Дониа локум – традиционален десерт со автентичен мирис и вкус

Прилепскиот регион во Западна Македонија уште од дамнина е надалеку познат и препознатлив по производство на најквалитетен локум. Во пресрет на Локум фест, кој ќе се одржи од 19-ти до 21-ви Јули, во Битола, се инспириравме да дознаеме за највкусниот традиционален и без временски десерт – Дониа локум.

Како се произведуваат Дониа локумите и во што се крие тајната на добриот, препознатлив вкус?

Приказната за овој локум започнува уште пред повеќе од 100 години кога едно познато семејство од Крушево го испраќа својот син во Солун да го изучува слаткарскиот занает. Оттогаш од генерација на генерација се пренесуваат рецептите и занаетот за производство на овој легендарен локум. Ние во Дониа сме особено горди на наследството за идентичниот традиционален начин на кој го произведуваме нашиот локум години наназад. Во нашата фабрика, сѐ уште на стариот начин и по старите рецепти локумот го вариме, созреваме и рачно го сечеме за да секое парче од ова деликатесно задоволство има посебна мекост и сочност. Локумот го правиме исклучително од природни едноставни состојки кои ги избираме со особено внимание.

дониа локум

Локумот пред вас и кој може да го погледнете на фотографијата, е без временски специјалитет кој преку својот автентичен мирис и вкус, со гордост го носи духот на традицијата. Кога сме кај вкусовите, има за сите и може да бирате. Локумите се збогатени со различни вкусови на лимон, роза, кокос, чоколадо, орев, и секако, посипани со шеќер во прав кој го прави уживањето во нив уште поголемо, не само со вкусот, туку и со визуелните сетила.

Велат тајната на убавиот вкус не е само во состојките, туку и во финесите на изработка. Времињата се промениле, но страста, љубовта и вниманието при изработката на Дониа локумот остануваат исти и ден денес. Со гордост можеме да кажеме дека нашите мајстори се вистински специјалисти доследни на традицијата на производство на квалитетен локум.

Вие сте дел од овогодинешниот Локум фест кој ќе се одржи од Битола. Каде и кога може да ве посетиме?

Ја користиме оваа прилика да ве поканиме вам и вашите читатели на дванаесеттото издание на Локум фест – музика и традиција, кое традиционално се одржува во старата битолска чаршија (пред Бар Чаршија), од 19-ти до 21-ви Јули 2018. Фестивалот започнува во четврток од 20:00 часот, со македонски песни во староградски напев, а целосната програма може да ја погледнете на линкот. Гарантираме супер фестивал и уште подобро засладување со Дониа локумите. Ве очекуваме!

Ви препорачуваме да го пробате испробаниот рецепт за лесните и брзи чајни колачи со чоколаден фил, чија основа се превкусните и крцкави чајни колачи на Дониа.

*Комерцијален текст

Сподели: