Дојде време да ги објавиме нашите омилени колачиња од детството. Сочни, меки и кремасти, а што е најважно се прават за речиси 10-15 минути, не сметајќи го времето кое е потребно за да се излади пудингот. Станува збор за брзите чајни колачи со чоколаден фил!
Си купивме убави чајни колачи од Дониа, а верувајте вкусот им е фантастичен и ги препорачуваме токму нив за подготовка на овој десерт.

Состојки:
- 450 грама чајни колачи од Дониа
- 250 мл млеко
- 1-2 лажици шеќер
- 1 пудинг од чоколадо
- 50-100 мл вода
- 60 грама путер или маргарин
- 50 грама шеќер во прав од Сончева долина
- 100-200 мл млако млеко
- 100 грама кокос од Сончева долина
- јагоди или желе од Дониа за декорација по желба.
Подготовка:
- Во сад на оган, на умерена температура ставаме 250 мл млеко да се вари. Во мал сад го ставаме пудингот од чоколадо и додаваме 1-2 лажици шеќер. Мешаме со лажица и додаваме 50-100 мл вода.
- Штом млекото зоврие, во садот го додаваме разматениот пудинг. Пудингот го вариме за време од 2 до 3 минути, додека се згусти.
- Готовиот пудинг го оставаме да се излади.
- Путерот го матиме со шеќерот во прав. Во пенесто изматениот путер, постепено додаваме од изладениот пудинг. Матиме со миксер додека добиеме хомоген фил.
- Млакото млеко го ставаме во длабока чинија. Земаме едно чајнo колачe и кратко го потопуваме во млекото. Потоа врз него ставаме 1 мала полна лажичка од чоколадниот фил.
- Земаме уште едно чајнo колачe и кратко го потопуваме во млекото. Потоа го ставаме врз првото колаче со фил.
- Вака приготвените колачи ги валкаме во кокос и ги редиме во чинија за сервирање. Најдобро е колачите да се послужат по неколку часа. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: 5 лесни матурски десерти кои може да ги направите за 15 минути.
*Комерцијален рецепт.