Посетете ги штандовите на Дониа на Lokum Fest 1

Дониа на Lokum Fest во Битола

Започна дванаесеттото издание на Локум фест – музика и традиција, кое традиционално се одржува во старата битолска чаршија (пред Бар Чаршија), од 19-21 Јули 2018. Фестивалот ќе трае три дена, а секоја од фестивалските вечери има свој сензибилитет и вреди да се види. Погледнете ги фотографиите во прилог и искористете го викендот за посета на фестивалот и  старата чаршија на Битола.

Дониа има свој изложбен штанд на кој што може да се вкусат со сите традиционални видови на локум. Ние го посетивме отворањето и си поминавме интересно, па препорачуваме и вие да ја посетите старата Битолска чаршија и да уживате во нејзиниот нов лик деновиве. Програмата на фестивалот во петок и сабота започнува од 21:00 часот.

 Посетете ги штандовите на Дониа на Lokum Fest и промоциите во Битола 3  Посетете ги штандовите на Дониа на Lokum Fest и промоциите во Битола 2  Посетете ги штандовите на Дониа на Lokum Fest и промоциите во Битола 4

Целосната програма за фестивалот погледнете ја на линкот, а за да погледнете повеќе фотографии од отворањето, кликнете тука.

Промоции на Дониа локумите во Битола

За време на самиот фестивал, Дониа организира промоции денес и утре, односно петок и сабота. На промоциите ќе се делат подароци за сите љубители на оригиналниот Дониа локум, па поканети сме сите. Денешната заврши успешно, а утрешната може да ја посетиме од 10:00 до 14:00 часот, во Веро маркетот на Широк сокак во Битола.

lokum fest промоциите во Битола

Ви предлагаме да прочитате: Дониа локум – традиционален десерт со автентичен мирис и вкус.

Сподели: