Рак на грлото на матката - причини, симптоми и превенција

Д-р Нела Деспотовска советува: Како да се превенира рак на грлото на матката и што може да помогне?

Месец март го посветуваме на жената и женското здравје! Овој пат со Д-р Нела Десптовска поразговаравме на тема – рак на грлото на матката. Раното откривање на болеста ја зголемува успешноста на лекувањето и овозможува зачувување на плодноста! Ракот на грлото на матката е еден од најчестите видови рак кој ги зафаќа женските полови органи. Речиси 600.000 нови случаи на рак на грлото на матката се дијагностицираат секоја година, а секоја минута, на една жена во светот и се дијагностицира овој карцином. 

После ракот на дојката, тој е втората најчеста причина за смртност кај женската популација. Раните фази често се без никакви симптоми и можат да се откријат само со гинеколошки преглед и ПАП тест. Симптомите на рак на грлото на матката се појавуваат по подолготрајно оштетување на клетките во грлото на матката. Карциномот го зафаќа најдолниот дел на матката – цервиксот, кој што ги спојува вагината со матката или утробата. Ракот на грлото на матката настанува како резултат на абнормални промени и неконтролиран раст на клетките на епителот на грлото на матката. Но, за среќа, ако се открие рано, овој тип на рак во повеќето случаи може да биде излечен.

Рак на грлото на матката - причини, симптоми и превенција

Кои фактори го зголемуваат ризикот од појава на рак на грлото на матката?

Ракот на грлото на матката често е поврзан со инфекција со хуман папилома вирус (ХПВ). Овој вирус се наоѓа во повеќе од 95% од анализираните тумори на грлото на матката.  Други причини за промена на клетките во грлото на матката можат да бидат:

  • Возраст – карцином на грлото на матката обично се јавува кај жени во средна и постара возраст.
  • Прв сексуален однос во рана возраст
  • Менување на повеќе сексуални партнери
  • Повеќекратни бремености
  • Лоши социјални и економски услови за живот
  • Лоша генитална хигиена
  • Пушење
  • Контрацептивни таблети, недостиг на витамините А, Ц, Е во исхрана, како и дефицит на фолна киселина.
рак на грло на матката

Други фактори кои влијаат за појава и развој на болеста се: слабост на имунолошкиот систем и генетски фактори.

Кои се првите знаци за појава на оваа болест?

Првите симптоми вклучуваат:

  • неправилно вагинално крварење – најчесто по сексуален однос
  • вагинален исцедок со непријатен мирис
  • карлична болка
  • анемија
  • проблеми со бубрезите
  • отекување на нозете.

Кои додатоци во исхраната кои се препорачуваат?

Кај жените кај кои на ПАП тестот се забележани промени, почнувајќи од CIN1, CIN2 или се утврдени бенигни и малигни промени на грлото на матката се препорачува зајакнување на имунитетот и вклучување на додатоци во исхраната како:

Indole-3-Carbinol – биолошки активен додаток кој го штити здравјето на жената

Indole-3-Carbinol претставува биолошки активен додаток кој има улога во нормализирање на метаболизмот на естрогенот и за намалување на ризикот од развој на малигни тумори и неоплазми. Indole-3-Carbinol е единствена материја од растително потекло кој има голема примена:

  • Помага во превенирање на чир и рак на желудник и дебело црево, го забавува растот на ракот на дојката, грлото на матката и простатата, белите дробови, мочниот меур и ја зајакнува функцијата на црниот дроб.
  • Има антиестроген ефект (при маститис естрогенот ја зголемува активноста на туморските клетки на дојката)
  • Иам антиоксидативен ефект кој ги штити ткивата од штетни материи
  • За спречување на неопластични заболувања и рак на женскиот репродуктивен систем
  • При мастопатија, ендометриоза и миом на матка
  • При ХПВ инфекција
  • За нормализирање на нивото на хормоните кај жените.

Повеќе информации може да дознаете тука: https://trimeks.com.mk/produkt/indole-3-carbinol-br-200-mg-60-kapsuli/.

BioAstin – најмоќен природен антиоксиданс

Природниот астаксантин BioAstin е додаток во исхраната со моќни антиоксидантни придобивки. Астаксантинот е револуционерен фитонутритивен антиоксидант кој е основа на силата на борбата на слободните радикали на BioAstin-от. Како еден од најсилните природни антиоксиданти има бројни придобивки:

  • придонесува за нормална мукозна мембрана (слузница)
  • придонесува за нормален метаболизам на железото
  • придонесува за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
  • има улога во процесот на специјализација на клетките
  • придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Повеќе информации може да дознаете тука: https://trimeks.com.mk/produkt/bioastin/

Витамин Д – витамин со антиканцерогено дејство

Последните истражувања покажуваат дека витаминот Д може да има анти-канцероген ефект и да го превенира повторното појавување на карциномот. Витаминот Д може да се добие од сончевата светлина и од извори на храна како: масни риби, жолчка од јајце и намирници кои се збогатени со овој витамин. Но, често е тешко да се задоволи нивото на витамин Д од овие извори, па затоа се препорачува надополнување преку додатоци во исхраната. Наша препорака се NOW® Vitamin D-3 – го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула.

Омега-3 масни киселини – го намалуваат воспалението, го подобруваат апетитот и ја зголемуваат телесната тежина 

Омега-3 масните киселини може да се најдат во масните риби, лененото и чиа семето. Имаат антиинфламаторен ефект и може да го намалат воспалението предизвикано од карцимонот. Истражувањата покажуваат дека може да го подобрат апетитот и зголемувањето на телесната тежина кај лицата кои се лекуваат од карцином. Наша препорака се NOW молекуларно дестилирана Omega-3 – природен концентрат на рибино масло произведен од цели сардини, сардели и скуши, со мулти-патентиран процес на производство.

Витамини со антиоксидативна моќ

Од витамините се препорачуваат витаминот Ц (AplhaSorb-C), витаминот Е (Sun-E), селенот и бета-каротенот кои се антиоксиданси и може да помогнат во заштитата на организмот против карцином.

Превенцијата е најважна за заштита на женското здравје!

Најголем напредок во намалувањето на смртноста од рак на грлото на матката е постигнат со појавата на ПАП тестот. Откривањето во неговата прединвазивна фаза доведува до речиси максимална излечливост. Затоа, редовните ПАП тестови и прегледите на гинеколог се клучни за одржување на здравјето на жените во репродуктивна возраст. Превенцијата е можна и со програмата за вакцинација против ХПВ.

витамини за рак на грлото на матката

Совети плус:

Важно е да се спомене дека додатоците не се замена за стандардниот медицински третман при карцином на грлото на матката. Жените кај кои е дијагносициран карцином на матката, треба да ги следат препораките од докторот и да поразговараат за можно вклучување на гореспоменатите додатоци. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс и Д-р Нела Деспотовска на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk. Повеќе информации за гореспоменатите додатоци може да прочитате на веб страницата на Тримекс од каде што може и да ги нарачате со бесплатна достава, а достапни се и во повеќето аптеки низ земјава.

Ви препорачуваме да ги прочитате: 6 начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: