7 начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност

6 начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност

Грижата за сопственото тело треба да биде приоритет за секоја жена! Но, сведоци сме дека честопати жените го занемаруваат тоа, не обрнувајќи внимание на сигналите што им ги испраќа телото. Затоа, од особена важност се редовните прегледи со цел да се преземат чекори за да се заштиме од инфекции и повреди и да се спречат одредени долгорочни здравствени проблеми.  Па, без разлика дали веќе планирате семејство или сѐ уште не сте размислувале за тоа, ви препорачуваме активен живот, здрав начин на исхрана, помалку штетни навики и редовна посета на гинеколог. Во продолжение, ви откриваме 6 лесни начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност.

Матката е витален орган во телото на жената! Ја формира основата на женскиот репродуктивен систем и има клучна улога во формирањето на нов живот. Многу е важно да се грижите и да го зачувате здравјето на матката. За фетусот да може да се развива правилно, потребно е да му се обезбеди целосна и урамнотежена исхрана и услови. Оттука, грижата за репродуктивното здравје кај жените, а со тоа и едукација на младите, се важни за понатамошното намалување на сите болести поврзани со женското здравје. За да ви помогнеме споделуваме неколку едноставни начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност.

7 начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност

Најпрво: Колку е важно да го зачуваме здравјето на матката?

Главната функција на матката е да ја негува оплодената јајце клетка. Откако оплодената јајце клетка ќе се всади во ендометриумот, таа добива храна од крвните садови на матката, станува ембрион, а потоа фетус.

Постојат голем број причини кои можат да предизвикаат матката да не функционира правилно во овој период, вклучувајќи:

  • Неправилно или обилно менструално крварење
  • Фиброиди на матката
  • Аденомиоза.

А, за да ја зголемите плодноста и да го одржите репродуктивното здравје еве неколку едноставни совети:

Намалете го внесот на кофеин

Во големи количини, кофеинот може да ги влоши миомите на матката и да го зголеми производството на естроген. Постојат здрави и вкусни алтернативи како замена за кафе кои може да ги прочитате тука.

Движете се повеќе

Ако имате работа каде што седите долго време, тоа може да го загрози протокот на крв во вашата матка. Во ваков случај станувајте почесто, по вода, до тоалет, посетете го колегата, излезете на балкон и слично, на секои 20 минути во најдобар случај, или најќесто што можете. Истава препорака важи и при подолго патување.

Вежбајте, но внимателно

Физичката активност може да го намали развојот на миоми на матката, особено кај оние кои енергично вежбаат неколку часа неделно. Но и премногу вежбање може да ја намали плодноста. Затоа, пешачењето и јогата се едни од најдобрите начини за подобрување на циркулацијата и флексибилноста на мускулите што ја опкружуваат матката.

Земајте додатоци во исхраната

Дали знаете дека одредени додатоци во исхраната придонесуваат за зголемување на плодноста и го поддржуваат репродуктивното здравје? – Истражувавме, а за да сме сосема сигурни ја замоливме Д-р Нела Деспотовска за помош и насоки, па ви составивме детална листа и еве кои се тие:

  • Methyl Folate od Now Foods. Тој е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот, како што се нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. За разлика од редовната фолна киселина, Methyl Folate докажано навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје.
6 начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност
  • Methyl B-12. Витаминот Б-12 има важна улога во добивањето енергија од мастите, јагленохидратите и протеините, а учествува и во создавањето на црвени крвни зрнца. Овој витамин учествува во создавањето и одржувањето на миелинската обвивка (заштитна обвивка околу секоја клетка), со тоа се обезбедува брз пренос на нервните импулси. Се препорачува за жени со историја на неплодност и спонтани абортуси, луѓе кои примаат лекарства за дијабетис, со кронова болест, кои редовно земаат средства против желудечни киселини, лица постари од 60 години, како и за вегани и вегетаријанци.
  • DHA-500 од NOW. Оmega-3 е есенцијална масна киселина неопходна за целокупното здравје и за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Тие се главни состојќи на клеточните мембрани, неопходни се за клеточна регенерација и репродукција, а хормоните, кои ги покренуваат сите функции во организмот, не може да се произведат без нив. DHA-500 од NOW придонесува за: нормален развој на мозокот и очите кај фетусот и доенчињатa, одржување на нормален крвен притисок, нормално ниво на триглицериди во крвта и нормална функција на срцето.
  • CoQ10. Коензимот Q10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Кога снабдувањето со CoQ10 е ниско, клетките стануваат неефикасни и ранливи, имунолошкиот систем слабее, чувствителноста на одредени здравствени нарушувања се зголемува, започнува процес на предвремено стареење и срцето слабее.
  • Selenium од Now Foods. Доколку се обидувате подолго време да зачнете, а сте во следните групи на лица: вегетаријанци, спортисти, луѓе кои се на ниско калорични диети, кај намален имунитет, лица кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на статини (лекови кои го намалуваат холестеролот), лаксативи, консумирате на тутун и алкохол, ви препорачуваме да користите суплементи со селен. Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, стареење и смрт.
  • NOW® Vitamin D-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма во мека капсула. Се препорачува при бременост, зголемена телесна тежина, повозрасни лица и консумирање на лекови.
  • L-OptiZinc®. Цинкот е многу важен и за женската и за машката плодност. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.

Ако сте пушач, откажете ги цигарите

Пушењето ги старее јајниците и може да го намали целокупното здравје. На оние кои пушат им треба подолго време за да забременат.

Намалете го стресот 

Хроничниот неконтролиран стрес исто така може да доведе до низа телесни промени. Од зголемување на телесната тежина до воспаление во телото и нередовна менструација. Применувајте време за мир, прошетки во природа, медитирајте, слушајте музика која ве опушта и сѐ ќе биде подобро.

Совет плус: Витаминот Ц исто така придонесува за зголемување на плодноста. Токму затоа е важно овој витамин секојдневно да се внесува преку храната (лимон, портокал, црвени пиперки, киви...) и по потреба и како суплемент. Од суплементите го препорачуваме AlphaSorb-C од NOW Foods, кој е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција во споредба со обичниот витамин Ц.

Препорачаните додатоци може да ги најдете во сите поголеми аптеки или да ги купите од онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Корисни линкови кои ви препорачуваме да ги прочитате:

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: