уринарна инфекција при патувања

Д-р Нела Деспотовска советува: Уринарна инфекција при патувања – што може да помогне?

Топло време, плажа или базен, одмор, но непријатната уринарна инфекција го нарушува вашиот спокој? Време е да преземете мерки и да го подобрите здравјето. А тука е нашата докторка Нела Деспотовска, чии совети ни се од голема важност. 

На секое патување треба да сме добро подготвени и една од клучните компоненти е нашата лична патна аптека. Често може да нѐ изненади некој здравствен проблем, па подготвеноста е особено важна кога се патува со целото семејство или во случај на бременост.

Инфекции на уринарниот тракт

Инфекциите на уринарниот тракт се заеднички проблем на луѓето од сите генерации. Проблемите настануваат како резултат на навлегување на микроорганизми во уринарниот тракт, каде што се размножуваат и предизвикуваат воспаление. Најчесто бактериите се оние кои предизвикуваат инфекции на гастроинтестиналниот тракт, меѓу кои најдоминантна е Escherichia coli (E. coli).

уринарни инфекции

Жените повеќе се соочуваат со уринарни инфекции особено во летниот период

Кај жените уринарните инфекции се честа појава бидејќи уретрата и анусот се многу блиску. Нешто повеќе, овие проблеми се присутни во топлите, летни месеци, како резултат на:

  • помал внес на вода за пиење при повисоки температури
  • почести сексуални односи
  • мокрење во море, езера

Типични симптоми се пецкање при мокрење, често мокрење, болка во долниот дел на стомакот и миризлива, матна урина.

Брусницата е супер храна која помага при уринарни инфекции

Многу ефикасна природна помош при воспаление на уринарниот тракт претставува брусницата. Плодовите содржат проантоцијанидини кои го попречуваат врзувањето на уропатогените бактерии (особено E. coli) во ткивото на мочниот меур и уретрата. Тие делуваат за промена на обликот на површината на бактериите и ги спречуваат да се поврзани со ткивото на уринарниот тракт. Така, бактеријата плови слободно и со урината се исфрла од телото. За да може бактериите полесно да се исфрлат од организмот, се препорачува да се пие доволно вода, околу 2 литри на ден.

За подобро уринарно здравје ви препорачуваме Cranberry CapsCranberry Caps е концентрат од брусница од водечката фирма за суплементи на природна основа NOW FOODS. Тоа е најмоќна достапна брусница на пазарот со максимална концентрација на брусница во својот состав – 700 mg (8:1) што е еднакво на 5600 mg свежа брусница. Овој додаток во исхраната може да се најде во поголемите аптеки, да се порача преку онлајн продавницата на Тримекс или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

D-Mannose против чести уринарни инфекции

Речиси непозната кај нас, Д-манозата е производ број 1 за третман на уринарни инфекции во светот. Доколку страдате од чести инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур, пиете антибиотици, но инфекциите се повторуваат, а увинот чај не помага, тогаш Д-манозата може да биде вистинското решение за вас.

уринарна инфекција

D-Mannose е природен шеќер кој се добива од пченка, бел и сладок компири, буково или брезово дрво

Сѐ повеќе луѓе се во потрага по природни начини за лекување на инфекциите на уринарниот тракт и тоа со добра причина. Д-манозата е еден од природните производи, кои може да ви помогне да се ослободи од „здодевната” E. coli. Д-манозата е извлечена од растенијата и е достапна во форма на капсули или прав. Таа има пријатен вкус и е апсолутно безопасна и може да ја користат бремени жени, деца и дијабетичари. Чистата D-Mannose од NOW FOODS е добиена од не-ГМ пченка, бел и сладок компир, буково или брезово дрво. Таа има калорична вредност од 4 калории во еден грам и е минимум од 98% чиста, остатокот е претежно влага. Чистотата и идентитет се потврдени од страна на надворешна лабораторија со користење на специфична HPLC метода за да се обезбеди не-контаминација со други шеќери и било какво разредување (ослабување) со други шеќери, како што се декстроза или сахароза.

Како делува D-Mannose?

Д-манозата не ги убива бактериите – ниту добрите ниту лошите. Делува на таков начин што ја привлекува бактеријата E.coli и спречува да се залепи на ѕидовите на уринарниот тракт. Кога E. coli ќе се залепи на ѕидовите на уринарниот тракт, се шири и предизвикува проблеми. При земањето на Д-маноза, бактериите се лепат на едноставната молекула на шеќер и потоа се исфрлаат од организмот со мокрењето. Д- манозата се внесува во вид на капсули при што се зема 3 пати по 3 капсули (4.5 грама), 1 час пред јадење четири дена, а потоа се зема 3 пати по 1 капсула. Ако предходно сте пателе од уринарни инфекции може да се зема по една капсула дневно во текот на десет дена.

Повеќе за Д-Маноза може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да го набавите. Доколку сакате, може да го нарачате и директно на вашата адреса преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да го набавите од сите поголеми аптеки. А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска за подетален одговор.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период.

*Комерцијален текст

Сподели: