Со првите студени утра и дождливи денови, настинките и кашлицата повторно стануваат дел од секојдневието. Во овој период, телото се соочува со повеќе вируси, а дишните патишта често се „под напад“. Ако имаш проблеми со настинки, синуси и кашлица – NAC може да ти помогне.
„Токму во есен е најважно да му дадеме поддршка на телото пред првите настинки.“ – вели д-р Нела Деспотовска.

Нашиот имунитет е како заштитен штит. Ако го подготвиме навреме, можеме да го спречиме воспалението и да ја намалиме тежината на симптомите.
Што е NAC и како може да помогне?
NAC е форма на аминокиселината цистеин, која телото ја користи за создавање на глутатион – најважниот антиоксиданс што ги штити клетките од стрес и воспаление.
Освен тоа, NAC има муколитичко дејство, што значи дека ја разредува густата слуз во белите дробови, овозможувајќи полесно искашлување и подобро дишење.
„Кај лицата кои имаат хронична кашлица, бронхитис или чест синузитис, NAC е навистина корисен,“ објаснува д-р Деспотовска.
Како помага при настинка и кашлица?
- Го разредува секретот и го олеснува дишењето. Истражувањата покажуваат дека NAC ја прави слузта помалку леплива и полесна за исфрлање. Затоа се препорачува при влажна кашлица и затнати синуси.
- Ја смирува воспалителната реакција.
- Го зајакнува имунитетот преку антиоксидансна поддршка.
Што велат истражувањата за NAC?
Неколку клинички студии го потврдуваат ефектот на NAC:
- Во European Respiratory Review, редовното земање NAC покажало подобрување на симптомите кај луѓе со хроничен бронхитис.
- De Flora et al. (1997) откриле дека луѓе кои земале NAC во зимскиот период имале помал ризик од вирусни инфекции и побрзо закрепнување.

Како и кога да се зема NAC?
Се препорачува да се зема 600 mg NAC еднаш до двапати дневно. Важно е да се зема со многу вода – тоа дополнително помага во разредување на секретот.
NAC може да го набавите во поголемите аптеки низ земјата или да го нарачате преку vitamini.mk со бесплатна достава до дома.
Препораки:
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Може да те интересира: N-Acetyl Cysteine – ги намалува симптомите на респираторни инфекции.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.
