Полицистични јајници мала слика

Зголемена плодност и овулација при полицистични јајници – препораки од Д-р Нела Деспотовска

Како да се зголеми плодноста и да се подобри овулацијата при полицистични јајници? Што треба да направат жените кои се соочуваат со овој проблем? Дали постојат додатоци во исхраната кои може да им помогнат и да ја подобрат здравствената состојба, а со тоа да ја победат неплодноста? – Одговор на овие прашања ни даде Д-р Нела Деспотовска од vitamini.mk.

Полицистичиот оваријален синдром – ПЦОС е состојба која предизвикува хормонски дисбаланс кај жените, а може да доведе до нередовен менструален циклус и неплодност. Жените се соочуваат со зголемена телесна тежина, високо ниво на шеќер во крвта, како и покачени нивоа на холестерол и триглицериди. Во текот на последните години постојат голем број на студии кои анализирале два додатоци – NAC и Inositol. Резултатите се многу позитивни и веруваме дека се многу значајни за да се споделат со жените кои страдаат од ПЦОС. 

Полицистични јајници

Што е NAC? 

N-ацетилцистеин (NAC), е моќен антиоксиданс кој има бројни придобивки. Најмногу се користи за разредување на бронхијалниот секрет при кашлица и бронхитис, а новите студии покажале дека нуди бројни придобивки за жените со синдром на полицистични јајници (PCOS). 

Ако имаш PCOS, суплементацијата со NAC може да ти помогне:

  • За зголемување на плодноста
  • За подобрување на инсулинската резистенција
  • За враќање на балансот на хормоните
  • За намалување на воспаленијата
  • За подобра функција на црниот дроб. 

Како NAC влијае за зголемување на плодноста?

Голем број од жените (околу 70%) кои имаат PCOS се соочуваат со неплодност. Во една поголема анализа (Journal of Obstetrics and Gynecology) од 2015 година биле обработени придобивките од NAC од 8 осум рандомизирани контролирани испитувања во кои биле вклучени 910 жени со PCOS. Резултатите покажаа дека жените кои користеле NAC имале значителни подобрувања во овулацијата, стапката на забременување и бројот на новороденчиња во споредба со жените кои користеле плацебо.  

Кај жените кај кои лекот Clomid не ги дава посакуваните ефекти, NAC може да помогне како алтернатива за подобрување на плодноста. Една студија од 2014 година објавена во Европскиот весник за акушерство, гинекологија и репродуктивна биологија покажа дека жените кои биле резистентни на Кломид, а кои користеле NAC имале девет пати поголема стапка на овулација и пет пати поголема стапка на бременост, во споредба групата која била резистентна на Кломид, а користела плацебо.

NAC и полицистични јајници

Освен NAC, го споменавте и Inositol-от. Што е Inositol и како тој може да им помогне на жените со ПЦОС?

Инозитол е нутриент од семејството Б-витамини. Во комбинација со фолната киселина – метил фолатот може да ги подобрат симптомите при PCOS. Секојдневното користење на инозитол и фолна киселина може да помогне за намалување на триглицеридите во крвта. Исто така, влијае за подобрување на функцијата на инсулинот и може малку да го намали крвниот притисок кај жените со ПЦОС. 

Оваа моќна комбинација помага и за зголемување на овулацијата кај жените кои се соочуваат со неплодност. Во една студија биле опфатени жени кои имале ПЦОС. Притоа секојдневно користеле 4 g инозитол и 400 mcg фолна киселина во период од 3 месеци. Кај 62% од жените била забележана овулација. 

Прочитај: Инозитолот е природна помош при синдром на полицистични јајници.

Инозитол и полицистични јајници

За крај, што би препорачале за жените кои се соочуваат со ПЦОС? 

Се надеваме дека овој текст им даде нови информации и надеж на жените кои имаат полицистични јајници. Повеќе детали за споменатите додатоци може да прочитаат на веб страницата на vitamini.mk од каде што може да ги набават.

Додатоците ги има и во поголемите аптеки. За сите прашања може да нѐ контактираат на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: Д-р Нела советува: Селенот е есенцијален минерал во борба против неплодноста.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: