здравствени проблеми 1

Д-р Нела Деспотовска советува: 3 здравствени проблеми на кои секоја жена треба да внимава

Голем процент од женската популација во светот страда од разни болести. Она што секоја жена треба да го знае за своето здравје е дека треба да го негува. На темата женско здравје повторно поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која овој пат ни посочи 3 здравствени проблеми на кои жената треба да обрне внимание.

Како една жена треба да се грижи за своето здравје? – Редовни контролни прегледи, правилна исхрана, телесна активност, се само дел од начините како жената да го негува здравјето. На кои здравствени проблеми треба да внимава? – Прочитајте го текстот.

здравствени проблеми 2

Проширени вени

Проширените вени не се пријатни и не изгледаат убаво, а секој трет човек ги има. Кога се работи за мали вени, традиционално се изведува склеротерапија. А, поголемите вени се отстрануваат хируршки со постапката флебектомија. Новите пристапи кон овој здравствен проблем вклучуваат методи со кои се намалува создавањето на модрици и чувството на непријатност, а истовремено го скратуваат времето на заздравување. А, за намалување на ризикот од појава, добро е да се знае која храна помага во превенција на проширени вени.

Камења во жолчката

Кај жените, ризикот од настанување на жолчни камења е двојно поголем отколку кај мажите. Тој ризик се зголемува со текот на годините. Оние кои особено треба да внимаваат се:

  • жени со прекумерна тежина
  • жени со зголемени вредности на естроген поради бременост, хормонски терапии или контрацепциски таблети
  • жени со дијабетес и холестерол.

Камењата кои се создаваат во жолчното ќесе или канали може да бидат со различна големина. Кога се мали, често не предизвикуваат симптоми. Но, кога ќе се појават симптомите, обично тоа се многу силна болка во стомакот, мачнина и повраќање. Најчесто решение е отстранување на жолчката.

Полицистични јајници

Од оваа болест страда 10% од женската популација. Многу жени не се свесни дека имаат синдром на полицистични јајници сѐ додека не сакаат да останат бремени или кога нагло ќе ја зголемат телесната маса. Типични симптоми кои укажуваат на полицистични јајници се нередовна менструација, неможност за забременување, повеќекратни абортуси, дебелеење, висок крвен притисок, прекумерна влакнетост и проретчување на косата. Лечењето се сведува на третирање на симптомите, а добрата вест е дека постоjат производи кои помагаат во решавање на овој проблем. Таков производ е инозитолот.

Се прашувате каде може да го најдете инозитолот? – Добрата вест е што овој додаток во исхраната е достапен и кај нас! Ви го препорачуваме Inositol na Now Foods. Формата на инозитол што се користи во овој производ е Мио-Инозитол, најконцентрирана форма на оваа хранлива состојка. Производот може да го најдете во добро снабдените аптеки или може да го порачате преку онлајн продавницата на Тримекс.

Инозитол е нутриент од семејството Б-витамини. Најчесто е присутен во ореви, кикирики и цитрусно овошје. Тој е клучна компонента на клеточната мембрана и поради тоа е вклучен во испраќање на сигнал помеѓу клетките. Конкретно, инозитолот ја зголемува чувствителноста на различни рецептори. Една клетка ослободува хемикалии (“порака”) која се доставува до другата клетка да изврши дејство. Сепак, ако другата клетка не може да прими порака, хемиската реакција е неупотреблива. Тука главна улога има инозитолот да ги подготви рецепторите за да се прими оваа порака. Инозитолот е присутен во сите клеточни мембрани, со највисоки концентрации во мозокот и централниот нервен систем, каде што игра важна улога во невротрансмитерната сигнализација. Инозитолот е природна помош при синдром на полицистични јајници.

За секое прашање кое го имате за женските здравствени проблеми, пишете ни на info@sezahrana.mk. Ние ќе ја контактираме Д-р Нела Деспотовска и ќе одговориме на вашите прашања.

Инозитол 1

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Женско здравје – што треба да знаете?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: