Клучот е во раното откривање! И лицата со мултиплекс склероза може да живеат нормално!

Во последните години, направени се голем број на истражувања за мултиплекс склероза, како настанува, кои се симптомите и како да се ублажи болеста. За жал, оваа болест и не е баш толку ретка во светот. Но, нејзиното рано откривање и правилен третман, овозможуваат спречување на прогресијата и нормален живот на лицата кои се стекнале со оваа дијагноза.

Мултиплекс склероза (МС) е хронична прогресивна, автоимуна болест која го зафаќа централниот нервен систем, резултирајќи со оштеување на нервите, што пак ја попречува нормалната функција на мозокот во испраќањето на сигнали до телото за движење, голтање, зборување, гледање и т.н. При МС, заштитните облоги на нервните клетки се оштетени, а тоа доведува до намалена функција на мозокот и ‘рбетниот мозок. Оттука, оштетувањето на нервните влакна оневозможува телото да добива сигнали за извршување одредена активност.

мултиплекс склероза 2

Кои се симптомите на мултиплекс склероза?

Мултиплекс склерозата е болест со непредвидливи симптоми кои варираат во интензитет и се различни кај сите. Некои лица доживуваат замор и вкочанетост, а потешките случаи предизвикуваат парализа, губење на вид и намалена мозочна функција.

Рани знаци на мултиплекс склероза:

  • Проблеми со видот
  • Потешкотии во одењето
  • Пецкање и вкочанетост
  • Болки и грчеви
  • Слабост и замор
  • Проблеми со рамнотежа
  • Вртоглавици
  • Проблеми со мочниот меур и дебелото црево
  • Мускулна слабост
  • Сексуална дисфункција
  • Потешкотии во голтање на храна
  • Когнитивни промени.

Помалку вообичаени симптоми:

  • Губење на слух
  • Напади
  • Неконтролирано тресење или тремор
  • Проблеми со дишење
  • Губење на вкус и мирис
  • Главоболка и мигрена
  • Емоционални проблеми
  • Депресија.

Ризик фактори

2.3 милиони од светската популација се со дијагноза мултиплекс склероза. Постојат повеќе ризик фактори за развој на болеста и најчесто се јавува поради комбинација од неколку од нив.

  • Возраст. Најголем број на лица со МС се помеѓу 20 и 50 години, иако може да се развие на било која возраст.
  • Пол. Во светот има 4 пати повеќе заболени жени од мажи, што ги прави жените под поголем ризик од појава на болеста.
  • Гени. Иако болеста не е наследна, оние кои имаат семејна историја на МС, имаат поголем ризик од нејзина појава. Ризикот е уште поголем ако некој од родителите, брат, сестра или идентичен близнак имаат МС.
  • Изложеност на сонце. Сонцето е единствениот природен извор на витамин Д. Недоволната изложеност на сонце резултира со недостаток на овој витамин. Па така, лицата кои живеат во подрачја каде нема многу сонце имаат поголем ризик за МС поради недостаток на Д витамин.

Дијагноза и третман

Дијагнозата најчесто ја поставува невролог преку повеќе испитувања. Испитувањата вклучуваат невролошки тест, тест за вид, магнетна резонанца и лумбална пункција. Ако забележите некој од симптомите, веднаш посетете лекар кој ќе ги направи испитувањата. Ова е особено важно ако имате генетски предиспозиции за болеста.

МС е доживотна болест за која нема лек. Со неа може да се живее нормално бидејќи постојат ефикасни третмани за подобруваање на состојбата и ставање на болеста под контрола. Потребно е само рано откривање. Затоа е важно да се познаваат симптомите. Со правилен третман состојбата се подобрува, а ако не се третира или се третира неправилно, симптомите може да се влошат и да доведат до смрт.

Додатоци во исхраната кои се од помош

Во третманот на мултиплекс склерозата најголема улога имаат додатоците на исхраната. Како најважни, ги издвојуваме витаминот Д-3 и магнезиумот. Наша препорака секогаш се производите на Тримекс, меѓу кои се и овие два додатоци.

  • Витамин Д-3. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето, иако скоро и да не е присутен многу во храната. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула или маслен раствор. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина. Од Тримекс го имаат витаминот Д-3 во форма на меки капсули од 1000 ИЕ и 10 000 ИЕ, како и високо апсорблива течна форма на маслен раствор од 400 ИЕ и 1000 ИЕ.
  • Magnesium меки капсули. Магнезиумот е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Магнезиум меките капсули придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста, нормално функционирање на нервниот систем, нормална мускулна функција, нормална ментална функција и одржување на здрави коски.
витамин Д3 мултиплекс склероза

Други додатоци на исхараната кои може да бидат од корист при третман на МС се селен, калциум, цинк, витамин Ц, витамин Б12витамин Е, Omega-3, Super Omega 3-6-9 и L-Tryptophan.

Споменатите производи може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Истите ги има и во повеќето аптеки ширум земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Коимбра протокол – помош за пациенти со автоимуни заболувања.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: