Каква е одговорноста на амбалажата за квалитетот 1

Каква е одговорноста на амбалажата за квалитетот и употребата на производите?

Што е амбалажата? Има ли разлики помеѓу различните амбалажи? Зошто е важна амбалажата на производите? – Дали сте си ги поставиле овие прашања некогаш? Ако не, сега е вистинско време да ве поттикнеме на размислување во врска со тоа. Направивме истражување и во оваа прилика ќе споделиме неколку информации кои се корисни за сите нас.

Што е амбалажата? – Амбалажата, сама по себе, за крајниот купувач го претставува производот. Независно од материјалот од кој е изработена, нејзината улога е да ја заштити содржината на производот, да му овозможи безбедно ракување, да го испорача производот до купувачот во исправна состојба, како и да содржи информации за употребата, квалитетот, составот и рокот на траење. Па, време е да дадеме одговори и да направиме осврт на погоре поставените прашања.

Има ли разлики помеѓу различните амбалажи?

Согласно погоре спомнатите критериуми, амбалажата мора да исполнува различни услови за различни производи. За некои е важно да биде темна и непровидна, за некои е особено важно добро да затвора и да не пропушта воздух. Има производи кои стигаат во најлонско и провидно пакување, производи кои се пакуваат во хартиени материјали. Ваквите производи најчесто брзо по отворањето мора да бидат прескладирани во соодветен „безбеден“ сад, кој ќе оневозможи составот и конзистенцијата на производот да бидат изменети.

Има и производи, во чие пакување е важно да се исполнат неколку погоре спомнати услови и плус да биде компактно и корисно за натамошна употреба во оригиналната амбалажа. Вакви производи се на пример, млекото и јогуртот, каде што капачињата имаат улога за добро затворање и одржување на производот и по отворањето. Такви се и разните сосови, преливи и кечапи кои скоро редовно се користат во оригиналната амбалажа. Во последно време го забележавме тоа кај кечапот на Витаминка. Традиционалното одржување на квалитетот и промените во практичноста на пакувањето на кечапот, за нас воопшто не беа изненадувачки за бренд како што е Витаминка. Сега на полиците може да го најдеме во блага и лута варијанта, вкусниот кечап на кој сме навикнати со години наназад, но во подобрено и попрактично пакување кое го запира истекувањето и ја зачувува свежината на вкусот, повеќе дена по отворањето. Препорачуваме да го пробате во првата погодна прилика.

Каква е одговорноста на амбалажата за квалитетот 2

Каква и да е потребата, според една анкета спроведувана во тек на 1 година, изгледот и компактноста на пакувањето влијаат врз нашите избори за купување. Токму затоа, сите производители повремено ја менуваат амбалажата и ја прилагодуваат на нашите потреби и барања, со акцент на корисноста и практичноста за нас консументите. При тоа, често пати бојата на пакување може да е клучна за разбирањето, препознавањето и асоцирањето на производот од консументите. Таков е случајот со кечапот кој има црвена боја, со пакувањата на соковите во боите на овошјата или вкусовите од кои се направени, провидната боја кај маслото за јадење и готвење, белата боја и млаз од млеко на млечните производи, чоколадната нијанса на пакувањето од какаото, итн.

Зошто е важна амбалажата на производите?

Освен на визуелната страна, која најмногу нѐ привлекува на прв поглед, производителите будно внимаваат до нас да стигне производ кој е безбеден и вкусен за употреба. Тоа подразбира дека амбалажата не е доволно само да биде симпатична. Туку, првенствено мора да го заштитува производот од вода, влага, гасови, мириси, мувли, квасци, други микроорганизми и глодари, како и да ја регулира температурата без крајно различни осцилации на топло и ладно. Материјалот кој се користи за изработка на пакувањето треба да биде нештетен и да не предизвикува промени во составот на производот.

И не само тоа, амбалажата мора да биде релативно отпорна на физички притисок, триење и вибрации при транспорт и слично.

Како бренд кој внимава на сите овие критериуми несомнено можеме да ја посочиме Витаминка со целосната палета на производи. Квалитетот и грижата за купувачите се важни начела кои навикнале толку многу генерации да бидат нивни лојални консументи.

За крај, едно пакување или амбалажа, не би биле доволно добри ако не обезбедуваат важни и неопходни информации за купувачите. Тука спаѓаат информации за составот на производот, за евентуално присуство на алергени, нето тежина на производот, име и адреса на производителот, хранлива и енергетска вредност, по потреба начин на користење и рецепти, зависно од производот, одредени предупредувања и рок на траење.

Може да ве интересира: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез.

*Комерцијален текст.

Сподели: