Забавата е секогаш подобра кога има нешто добро да се замези, па пробајте ги нашите крцкави печени тиквички со сос и препуштете се на уживањето во прекрасниот вкус! Може да бидат интересно предјадење или неодолив дел од детската роденденска прослава. За сите генерации!
Уживајте во сензациите на крцкањето и примамливиот изглед и не се двоумете да ги пробате. Испробано и подготвено во нашата кујна!

Состојки:
- 1 тиквичка со средна големина
- 3 ќесички солен чипс Бонитас или Бонитас со чили вкус
- 2 јајца
- 1 мала лажичка мешан зачин Дафинка
- брашно по потреба
- црн пипер од Витаминка по вкус
- масло Брилијант за попрскување.
За сос:
- 100 мл пикантно лут кечап од Витаминка
- 50 мл Витанез
- 1 мала лажичка оригано.

Подготовка:
- Тиквичката убаво измијте ја. Потоа пресечете ја на половина по должината. Секој дел пресечете го на три еднакви делови. Потоа исечете кришки со големина по желба.
- Во тава ставете хартија за печење.
- Во чинија ставете го брашното, мешаниот зачин Дафинка и додајте малку мелен црн пипер од Витаминка. Измешајте ја смесата со лажица.
- Во друга чинија ставете ги јајцата и изматете ги со виљушка.
- Солениот чипс Бонитас издробете го и ставете го во чинија.
- Земете едно парче тиквичка и извалајте го во брашно. Потоа ставете го во садот со изматени јајца и на крај извалајте го во дробениот солен чипс.
- Вака приготвените тиквички наредете ги во тавата за печење. Попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени за време од 15 до 20 минути.
- Во меѓувреме подгответе го сосот. Во мал длабок сад ставете го кечапот, витанезот и ориганото. Измешајте со лажица додека се добие хомогена смеса.
- Крцкавите печени тиквички извадете ги од рерната и оставете ги кратко да се изладат. Потоа наредете ги на чинија и послужете ги во комбинација со сосот. На здравје!

*Комерцијален текст.
Ви предлагаме да прочитате: Велигденска крем салата со Стоби флипс.