Наместо да купувате вештачка трева, за време на Велигденските празници разубавете го домот со пченична трева. Претходно објавивме неколку начини за засадување на пченица со помош на земја, а некои наши читателки ни кажаа дека може да искористиме и памук. Постапката за засадување на пченица со помош на памук е прикажана во текстот кој следува.
Постапка за засадување на пченица со помош на памук
Доколку решивте да го разубавите домот за време на велигденските празници, веднаш засадете пченица, за да има време да порасне.

Потребно ви е:
- пченица
- памук
- пластичен сад
- прскалка со вода.
Инструкции за засадување:
- Пченицата ставете ја во тегла или друг сад. Додајте вода и оставете ја пченицата за време од 24-48 часа.
- Во плиток пластичен сад ставете го памукот. Испрскајте го со вода со помош на прскалката. Врз памукот ставете ја пченицата.
- Вака приготвениот сад чувајте го на светло и топло место, но не во близина на грејно тело.
- По потреба, скоро секој ден пченицата прскајте ја со вода. За две до три недели ќе имате убава пченична трева. Уживајте во празниците кои доаѓаат!
Ви предлагаме да прочитате: Како да засадите пченична трева за Велигден?