Како да препознаете кандидијаза и што може да се направи?

Кандидата живее нормално на кожата и слузокожата, без притоа да предизвика инфекција. Но, ако прекумерното се размножи може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Кандидата е габа, а габичните инфекции кај жените се многу чести. Некои студии тврдат дека дури 3 од 4 жени страдаат од кандидијаза, па останете „будни“ до крајот на текстов и едуцирајте се.

А што е кандидијаза?

Кандидијазaта е габична инфекција предизвикана од габа од видот Candida. Постојат повеќе од 20 видови на Candida, кои можат да предизвикаат инфекција кај луѓето, а најчесто застапена е Candida albicans.

Инфекцијата предизвикана од кандида е најчеста кај женското население и кај дијабетичарите, а се проценува дека оваа истата е присутна кај 30% од светското население. Габичните инфекции може да бидат локални во усната шуплина – орална кандидидијаза, во цревата или во вагиналната слузница, но може да се прошират и низ целиот организам. На овие инфекции се поподложни дијабетичарите, зашто кандидата се храни со шеќери. Исто така, за време на менопаузата, телото на жената произведува помалку естроген, што води до потенок вагинален ѕид, поради што габичките полесно се приспособуваат.

Што е кандидијаза и како да ја препознаете?

Кога настанува кандидијаза?

Габичните инфекции можат да бидат непријатни, но за здравите жени, кои немаат сериозни заболувања, не претставуваат голема опасност. Најчесто се јавуват за време на бременоста, кај жени кои страдаат од дијабетес, како и по спроведување на антибиотска терапија. Симптоматологијата на кандидијаза може да биде многу разновидна во зависност од органот што е засегнат.

Кои се најчестите симптоми на кандидијаза?

  • габични инфекции на кожата и ноктите
  • хроничен умор
  • надуеност, констипација, дијареа и повраќање
  • постојана желба за слатка храна
  • слаба концентрација и меморија
  • егзема, псоријаза или осип
  • анксиозност и депресија
  • вагинални инфекции и инфекции на уринарниот систем кои се повторуваат
  • алергии.

Како може да ја препознаете?

При појава на инфекција на усната шуплина, вообичаено се појавува бела боја на површината на јазикот. Во случај на инфекција на цревата, најчести симптоми се дијареа, подуеност и повраќање. Кај вагиналната кандида се јавува пецкање, чешање и зголемен секрет.

Ваквите инфекции не се опасни, но ако не се третираат навреме може да предизвикаат сериозни проблеми кај некои витални органи. Затоа, од голема важност е навремено да ги препознаете симптомите и да ги третирате.

Кои додатоци на исхраната ќе ви бидат од голема помош?

Од додатоци кои се достапни кај нас ги препорачуваме:

  • NOW® OralBiotic ™ при инфекција во усната шуплина. NOW® OralBiotic ™ го содржи природниот пробиотски организам Streptococcus salivarius. OralBiotic успешно ја колонизира усната шуплина на сметка на други бактерии, промовирајќи го оралното здравје. Исто така помага да се подобри здивот кога се користи во комбинација со правилна орална хигиена. OralBiotic е напреден пробиотик кој обезбедува природна заштита на имунолошкиот систем против воспаление на грлото, инфекција на увото и други инфекции на горните дишни патишта. OralBiotic сега можете да го нарачате со 40% попуст од онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна.
кандидијаза
  • Acidophilus 4×6 – при инфекција на цревата.  Acidophilus 4×6 е создаден да обезбеди балансиран спектар на полезни бактерии најдени во човековиот интестинален тракт. Acidophilus 4×6 содржи 4 милијарди од 6 вида на пробиотици. Не содржи ГМО и глутен. Се препорачува да се зема 1 капсула еднаш до два пати дневно Acidophilus 4×6, помеѓу оброци или на празен стомак.
  •  Inulin – при појава на надуеност, гасови и констипација. Инулинот е растворливо пребиотичко влакно кое е отпорно на варење и допира до дебелото црево непроменето. Цревните пробиотски бактерии консумираат инулин и за возврат произведуваат масни киселини со краток синџир, кои ги потхрануваат клетките на дебелото црево. Инулинот на тој начин помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата. Здрави црева значи отсуство на гастроинтестинални проблеми.

Ако имате дополнителни прашања во врска со додатоците, пишете ни, а ние ќе се обратиме до Д-р Нела Деспотовска. Ако се одлучите, производите може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна. Исто може да ги набавите и од поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 симптоми кои укажуваат на кандида како последица од ослабен имунитет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: