Кое е најдобро време за пиење кафе?

Кој период од денот ви е омилен за пиење кафе? Дали тоа го правите веднаш штом се разбудите на утро? Што на вас ви значи пиењето кафе – утрински ритуал за будење или пак можеби момент за релаксација и опуштање со пријателите? Доколку и вие првото нешто што го правите на утро е пиењето кафе, тогаш треба да размислите уште еднаш за својата постапка, бидејќи кафето испиено во тој период од денот и не дава баш најефективни резултати.

Кај повеќето луѓе ефектите од кафето се повеќе самосугестија или навика отоклку што навистина ги чувствуваат неговите благодети. Кофеинот дефинитивно влијае врз нас и има многу позитивни својства. Но, неговото дејство на утро нема голем ефект, иако најчесто тогаш го внесуваме преку кафето.

најдобро време за пиење кафе

Кои се мислењата на истражувачите за оваа проблематика?

Сигурно и на вас ви се случило понекогаш ни 2 чаши кафе да не можат да ви помогнат да се расоните на утро. А зошто е тоа така? Со оваа проблематика се занимава хронофармакологијата, научна дисциплина која ги испитува лековите и нивното влијание врз човечкиот организам. На тој начин, се дознава во кој период од денот е најдобро да се земаат одредени медикаменти. Сѐ се сведува на „отчукувањето“ на биолошкиот часовник, кој може да го промени дејствувањето на одредени лекови. Кратко кажано, нашиот организам не е расположен во определени периоди од денот да апсорбира одредени лекови. Ист е случај со кафето и кофеинот. Телото е програмирано така што во различни периоди од денот произведува различни „сигнали“ кои на пример ве будат околу 8 или 9 часот на утро. Така, телото веќе добива она што му е потребно за будење, па кафето и нема некој особен ефект во тој процес. На тој начин непотребно пиете кафе во период кога не ви е неопходно, бидејќи за будењето се погрижил вашиот биолошки часовник. Со текот на времето утринското пиење на кафе станува се помалку ефективно.

Кога е најдобро да пиете кафе?

Доколку баш и морате да пиете кафе на утро, најдобро е тоа да го направите во периодот од 9:30 до 11:30 часот. Во тој период нивото на кортизол, хормонот задолжен за будност, опаѓа, па чаша кафе би можела да биде ефективна.

Во текот на денот најдобро е да се пие кафе околу 14:15 часот. Тоа е период кога повеќето работници се чувствуваат најуморни, а кофеинот ја зголемува енергијата. Додека пак периодите од 12:00-13:00 часот и од 17:30-8:30 часот не се баш најидеални за пиење кафе.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 причини зошто треба да пиете кафе секој ден.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: