пилинг од кафе 1

Пилинг од кафе и кокосово масло против целулит

Сакате тело без целулит? – Не трошете пари на скапи пилинзи и кремови против целулит. Направете сами пилинг од кафе, кокосово масло, шеќер и масло од цимет. Овие состојки имаат позитивно влијание на кожата. Ви откриваме кои се нивните ефекти и како да направите едноставен, евтин и ефикасен пилинг против целулит.

Целулитот е естетски проблем кој се јавува кај скоро 90% од жените. Станува збор за поткожно масно ткиво кое се пробива низ горните слоеви на кожата. Целулитот настанува поради пасивниот начин на живот, т.е долго седење, физичка неактивност и слаба циркулација на крвта што доведува до намалено производство на колаген. Со масажа и мачкање со пилинг се зголемува циркулацијата во проблематичните делови на телото.

пилинг од кафе 2

Како делуваат состојките на пилингот?

Кафето ги елиминира мртвите клетки на површината на кожата, особено во комбинација со шеќер. Кофеинот ги шири крвните садови, го елиминира вишокот на вода и ја затегнува кожата.

Кокосовото масло ја храни и хидрира кожата и го поттикнува создавањето на колаген.

Маслото од цимет исто како и кофеинот ги шири крвните садови, има затоплувачки ефект, ја поттикнува циркулацијата и има детокс дејство.

Состојки:

  • 1 чаша талог од кафе
  • 1/2 чаша кокосово масло
  • 2/3 чаша крупен шеќер
  • 4 – 8 капки етерично масло од цимет (ако имате осетлива кожа и помалку)
  • 8 капки етерично масло од ванила или 1 лажичка ванилин шеќер.

Подготовка и употреба:

  1. Во длабок сад ставете ги сите состојки и добро измешајте. Смесата може да ја ставите со стаклена или пластична кутија со капак и да ја чувате во фрижидер до една година.
  2. Пилингот нанесете го после капење, на чиста и сува кожа. Со кружни движења масирајте неколку минути. Ако имате осетлива кожа бидете внимателни.
  3. Пилингот отстранете го со миење со многу вода, а потоа избришете со крпа. За подобри резултати, нанесувајте пилинг од кафе 2 до 3 пати неделно.

Напомена: После примената на пилингот може да се појави црвенило, но тоа нека не ве загрижува. Во тој случај може да употребите поситен шеќер. Ако настане иритација на кожата, не мора да употребувате масло од цимет.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 совети против целулит и за полесно слабеење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: