Ве мачат воспаленија на синусите? Ослободете се од непријатните симптоми на природен начин со само еден лековит зачин! Копарот е природен лек против воспалени синуси, еве како да го искористите!
Копарот е познат во нашите краеви како растителна билка која се користи во голем број на јадења. Овој зачин е многу користен од гастрономите и љубителите на гурманската храна, но исто така и од вљубениците на алтернативната медицина и природното лекување. Копарот е одличен за лечење и олеснување на тегоби, а посебно е истакнат како помошник на здравјето при проблеми со синусите.
Направете домашна инхалација за лечење на воспалените синуси
Што ви е потребно и што треба да правите?
За лечење на болните синуси обидете се со домашна инхалација со копар. Во врела вода ставете еден врзоп копар и поклопете го и оставете го малку да отстои. Ако немате свеж копар, може да користите сув зачин. После 5 минути покријте ја главата со крпа и вдишете од пареата и убавата миризба на копарот. Тоа правете го додека водата се излади. Најдобро е ова да го правите навечер пред спиење. Подобрувањето и олеснувањето ќе го почувствувате уште при првиот третман.
Ви препорачуваме да прочитате: Природен раствор со морска сол за испирање на синусите.