бели алишта

Лимон за совршено бели алишта

Колку пати ви се случило вашата омилена бела кошула или маица да добие непосакувана розева, сива или жолтеникава нијанса од која никако не можете да се ослободите? Токму од овој проблем ќе можете да се решите со само една состојка од вашата кујна – лимонот.

Лимонот има многу голема употреба. Може да го користиме за лимонада, сокови, торти, колачи или сосови за салати. Благодарение на нивните состојки, лимоните наоѓаат голема примена во козметиката, во различни препарати за нега и избелување на дамките на кожата. Но, дали знаете дека лимонот може да го користите за избелување на исфлекани светли материјали или алишта кои со тек на времето пожолтеле? Ако сакате на природен начин на да им ја вратите белата чиста боја на постелнината и облеката, а воедно и да ги освежите, применете ги следните трикови.

бели алишта

Одржете ја белата облека совршено бела, без дамки и пожолтени места

Кога перете бела облека или бела постелнина, наместо белило, во машината за перење ставете четвртина или половина шолја сок од лимон.

Или чистата бела боја на алиштата може да ја вратите и на следниот начин: потребно ви е лимон, вода и длабок лонец. Во лонецот до половина ставете вода, а лимонот исечете го на кришки и ставете го во лонецот. Лонецот ставете го на оган. Кога водата ќе зоврие лонецот тргнете го од оган и ставете ги светлите алишта. По еден час, извадете ги алиштата, ставете ги во машина за перење и исперете ги со прашок за перење на висока температура.

Дополнителен совет за зачувување на бојата на алиштата

Пред да ја перете новата облека за прв пат, натопете ја во ладна посолена вода (за кофа вода потребна ви е ½ чаша полна сол). Потоа, исцедете ја облеката и исперете ја во машината користејки гел или прашок со ензими кои ја штитат бојата на облеката.

Сподели: