Верувале или не, садовите може да заблескаат со употреба на оваа волшебната цитрусна овошка! Така, ако животот ви даде лимон… Измијте ги садовите со него! Да, можно е, доволен е еден лимон за чисти садови без детергент.
Лимонот е моќен сојузник на домаќинството и корисен помагач на многу нешта во него. Одличен е за разни нешта, од отстранување на мрсни дамки па до освежување на микробрановата печка. А, сега, ви претставуваме нов едноставен и генијален трик со лимон.

Како да го употребите лимонот за чистење на садовите?
Можете да примените лимон за триење на садовите при рачно миење, а посебно ќе ви користи за закоравени, мрсни дамки, запачена храна и слично.
Но, одлично е што има решение и за машинското перење на садовите. Откако ќе ја наполните машината со садовите за миење, ставете 2-3 кришки лимон. Лимонот дури и не мора да биде свеж, а треба да биде поставен или прикачен на место каде што нема да се помрднува. Вклучете ја машината како и обично и кога миењето се завршило ќе погледнете дека садовите се измиле и се чисти како што е очекувано.
Дополнително од ефектот на чистење, лимонот ќе остави свеж и стимулирачки мирис кој ќе ве наполни со енергија и ќе го замириса домот со убава арома!
Ви препорачуваме да прочитате: Лимон за совршено бели алишта.